Портал:Спорт/Избрана статија/2009/јануари
Европско првенство во фудбал 2008 — тринаесеттото европско првенство во фудбал, најголем фудбалски турнир на кој учествувале најдобрите фудбалски репрезентации од европскиот континент. Турнирот, чии домаќини биле Австрија и Швајцарија, започнал на 7 јуни 2008 година и завршил со големото финале меѓу Шпанија и Германија, одиграно на Ернст Хапел стадионот во Виена на 29 јуни 2008, во кое шпанската репрезентација со голот на Фернандо Торес успеала да ја освои својата втората европска титула. На ова првенство, по втор пат улогата на домаќин ја имаале две земји. Репрезентацијата на Грција била бранител на титулата.
На турнирот учествувале шеснаесет земји. Австрија и Швајцарија се квалификувале автоматски како домаќини; останатите четиринаесет репрезентации обезбедиле учество преку квалификациски циклус кој отпочнал во август 2006 година. Шпанија, како победник на првенството се пласирала на Купот на конфедерациите 2009 следната година во Јужна Африка. Прочитајте повеќе