Портал:Спорт/Избрана статија/2009/март
Хајбери — фудбалски стадион во Хајбери, северен Лондон, на кој своите натпревари ги играле Арсенал ФК од 6 септември 1913 до 7 мај 2006. Популарното име му било Хајбери поради локацијата, а од страна на навивачите и клубот му беше даден прекарот „Домот на фудбалот“.
Првобитниот стадион бил изграден во 1913 на местото на спортскиот терен на локалниот Колеџ, и има поминато низ две значителни надградби. Првата во 1930-тите кога биле изградени источната и западната трибина во стилот на Арт Деко, а втората била во доцните 1980-ти и раните 1990-ти кога северната и јужната трибина биле претворени од трибини за стоење во седечки. Ова довело до драстично намалување на капацитетот и приходите од влезници по што управата на клубот го изградил новиот Стадион Емирати, каде што клубот започнал да игра натпреварите во 2006 година. Хајбери бил претворен во станбен комплекс заради што поголемиот дел од стадионот бил срушен, со исклучок на источната и западната трибина (градби заштитени со закон) кои биле вклопени во новата градба. Прочитајте повеќе