Портал:Спорт/Избрана статија/2009/јуни

Кошаркатимски спорт во кој пет играчи од два различни тимови се обидуваат да постигнат што повеќе поени преку давање кош, односно преку уфрлање на топката низ хоризонтален обрач, на височина од 3 метра. Од едната страна на теренот до другата, топката се преносува преку топкање и подавање на останатите членови на тимот. Во 1891, Канаѓанецот Џејмс Најсмит ја измисли играта кошарка, со 7 правила од кои 6 сè уште се користат денес. Најсмит беше важен пропонент за развитокот на женскатa кошарка, и за раширувањето на играта низ Северна Америка. Две најсилни кошаркарски лиги во светот се Европската Евролига и Северноамериканската Национална Кошаркарска Асоцијација. Кошарката е распространета на сите континенти и е најбрзо-растечкиот спорт на земјата. Во Македонија, најсилната кошаркарска лига е Македонската Прва Лига. Прочитајте повеќе