Портал:Спорт/Избрана статија/2010
Избрани статии во порталот:Спорт се оние статии поврзани со спортот кои корисниците на Википедија ги сметаат за најквалитетни најсодржајни. За една статија да биде избрана најпрвин треба да биде изгласана. Избраната статија опстојува на порталот еден месец.
Предлагачот на статијата треба само да предложи извадок од некоја статија поврзана со спортот на страницата за разговор којашпто потоа треба да биде изгласана од корисниците на Википедија.
Гласањето се одвива така што секој може да го даде својот глас или својот коментар, користејќи ги предлошките: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} или {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници се земаат во предвид. Гласањето завршува на последниот ден од месецот во 24 часот.
Забелешка: На секоја избрана статија на месецот на порталот:Спорт најдолу се внесува предлошката {{Портал:Спорт/Избрана статија}}.
Флорет — вид на ладно оружје кое се користи во мечувалството. Ова е најчестото оружје по натпреварите, како и по клубовите како почетничко оружје. Флоретот е предвиден за бодење, а бод се зема со тоа што се притиска врвот на оружјето, на кој има прекинувач поврзан со струјно коло. Денешните натпреварувачи користат техника на грбен удар, кој ја користи флексибилноста на острицата за да го заобиколи флоретот на противникот и да зададе удар на грбот, иако во последно време правилата за ова се променети и реализирањето на ваквиот удар е потешко. Современиот флорет потекнува од оружјето за вежбање на ракување со дворски меч, често помошно оружје на господата од XVIII век. Се користеле флорети за рапир, па дури и за долг меч, но тие биле поинакви во тежина и употреба. Прочитајте повеќе
Машка кошаркарска репрезентација на Македонија — спортска репрезентација којашто ја претставува Македонија во кошарка во машка конкуренција. Репрезентацијата е под покровителство на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) и е членка на ФИБА од 1993 година. Најголем успех на репрезентацијата е учеството на Европското првенство во кошарка во 2009 година во Полска, каде Македонија го зазеде 9. место. Во август 2010 година, во квалификациите за Европското првенство во кошарка во 2011, кое ќе се одржи во Литванија, Македонија го обезбеди своето трето и второ последователно учество на континенталниот собир. Прочитајте повеќе
Пјер де Кубертен (1863 — 1937) — француски педагог и историчар којшто е светски познат како обновувач на античките Олимписки игри и основоположник на модерните Олимписки игри. Се родил во Париз во аристократско семејство. Бил инспириран од англиските и американските училишта, но образованието го започнал во Франција. На 23 јуни 1894, официјално ја истакнал идејата за обнова на античките Олимписки игри, а овој ден се смета за ден на основње на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), чијшто претседател бил од 1896 до 1925 година. Пјер де Кубертен бил и извидник, а на Летните олимписки игри 1912 освоил златен медал во натпреварот по литература, со делото „Ода за спортот“. Прочитајте повеќе
Емирати — фудбалски стадион во Лондон. Сопственик на стадионот и тим којшто игра на него е Арсенал. Стадионот има капацитет од 60.355 седишта со што е трет по големина фудбалски стадион во Англија по Вембли и Олд Трафорд, а трет по големина стадион за универзална употреба во Лондон по Вембли и Твикенхам. Стадионот беше изграден во јули 2006, а за негова изградба беа потрошени 430 милиони фунти, но сите пари не се потрошени само за неговата изградба. Дел од буџетот беше потребен за обезбедување на локацијата. Стадионот е изграден од познатиот архитект Сер Роберт МекАлпин. Се наоѓа на само неколку стотина метри оддалеченост од стариот стадион на Арсенал - Хајбери. Името, стадионот го има добиено по компанијта Емирати, со која Арсенал има склучено договор со времетраење од 15 години, вреден 100 милиони фунти. Прочитајте повеќе
Крикет — спорт во кој треба да се удри топче со палка. На прв поглед е сличен со безболот од САД, но во суштина е многу постар. Крикетот за прв пат се споменува во документ од 16 век, според кој бил игран во Англија. На професионално ниво се игра во Австралија, Англија, Бангладеш, Зимбабве, Индија, Јужна Африка, Кенија, Нов Зеланд, Пакистан, Шри Ланка и на Карибите. Играта се игра со две спротивставени единаесеточлени екипи. Екипите се менуваат во улогата на удирачи и чувари на полето. Во текот на секое коло (inning) удирачката страна се обидува да освои бодови со трчање помеѓу порти (wicket): чуварите на полето се обидуваат да ја срушат портата. Натпреварот се состои од едно или две кола за секоја страна. Еден натпревар трае цел ден, а понекогаш и 5 дена. Еден тим за крикет се состои од 11 играчи кои посебно се обидуваат да добијат поени. Поените се добиваат со трчање откако ќе биде удрено топчето. Прочитајте повеќе
Светско првенство во фудбал — меѓународно натпреварување во фудбал кое се одржува под покровителство на ФИФА. На натпреварувањето може да учествуваат машки и женски репрезентации од сите земји кои се членки на ФИФА. Завршниот турнир се одржува на секои четири години, а според моментните правила на него учествуваат 32 репрезентации. Во минатото на завршниот турнир учествувале 13, 16 и 24 репрезентации. Првото светско првенство е одржано во 1930 година во Уругвај, а прв првак станала домашната репрезентација, која во финалето ја победила репрезентацијата на Аргентина со 4:2. Знаачен придонес за развојот на светското првенство дал Французинот Жил Риме, по кого во 1950 година бил наречен победничкиот пехар. Во 1970 година, Бразил станал светски првак по трет пат, со што го освоил пехарот во трајна сопственост. Следната година бил претставен нов пехар, кој се доделува и денес. Прочитајте повеќе
Ката — јапонски збор кој детално ги опишува начините на движењата во каратето, било во парови или соло. Суштината на карате вештината се кати. Тие содржат серија на координирани хармонични движења кои се направени по одреден редослед прилагодувајќи се кон специфичен ритам. Секоја ката покажува замислена борба со неколку противници истовремено. Движењата на „карате катите“ секогаш започнуваат од дефанзивна позиција со што се потенцира одбрамбениот карактер на катата. Во катата каратистот не бега од противникот, туку му оди во пресрет да го одбие нападот и да зададе контра удар. На тој начин движењето како елемент на одбраната станува елемент на нападот. Неопходно е да се сфати и тоа дека одбраната со која се одбиваат ударите на противникот, не се намерно подметнати како што е случај со подлактиците. Прочитајте повеќе
Шах — спортска игра на квадратна табла за двајца играчи. Таблата е поделена на осум редови и осум колони, и има 64 полиња кои се наизменично темни и светли (често се вели „црни“ и „бели“). Не постојат сигурни податоци за времето на настанување. Најверојатно играта се појавила пред повеке од 2000 години. При археолошките ископувања во Узбекистан биле најдени две фигури изработени од слонова коска, идентификувани како шаховски фигури, а датирани во времето на владеење на царот Хувишке (II век). Резултатот во шаховската игра зависи исклучиво од вештината на играчот, а воопшто не зависи од среќата. Играчте најизменично влечат потези со цел да го матираат противникот. Правилата на денешниот шах се разликуваат од арапскиот шатранџ. Таблата и фигурите се еднакви, но правилата за движење се поинакви. Прочитајте повеќе
Двојна круна — поим во фудбалот кој се однесува на освојувањето на првата лига и главниот куп на една нација во истата сезона. Исто така може да се употреби и за означување на две победи (дома и на гости) против истиот тим во една лигашка сезона. Во англискиот фудбал, Двојната Круна традиционално означува освојување на првата лига (во моментов ФА Премиер Лига претходно Англиска Прва Дивизија) и ФА Купот во истата сезона. Иако и освојувањето на другите поголеми трофеи во една сезона во комбинација со Лигата се нарекуваат Двојни или Тројни Круни. Една репрезентација не може да го освои светското првенство во фудбал и континенталното првенство во една година бидејќи не се работи за годишни настани, но ако една репрезентација ги држи двете титули истовремено тогаш се вели дека „освоила Двојна Круна“. Прочитајте повеќе
I Зимски олимписки игри — меѓународен спортски настан кој се одржал од 25 јануари до 5 февруари 1924 година во Шамони, Франција, во рамките на Летните олимписки игри, кои истата година се одржале во Париз. Спортските натпревари се одржувале воблизина на Шамони, а организатор бил Францускиот олимписки комитет. Меѓународниот олимписки комитет, подоцна ги нарекол први олимписки игри. Иако уметничкото лизгање било спорт, кој бил дел од Летните олимписки игри во Лондон и Антверпен и хокејот на мраз на игрите во Антверпен. Останатите зимски спортови се ограничени од годишното време, па отсекогаш се одржувале само на Зимските олимписки игри. На состанок на МОК во Лозана во 1921 година, било одлучено во 1924 во Шамони да се организира „меѓународна недела на зимските спортови“. Прочитајте повеќе
Марат Сафин (р. 1980) — поранешен руски тенисер. Сафин, во својата кариер освои 15 АТП турнири и 2 Гренд слем турнир, а исто така во еден момент беше и светски рекет број 1. Тој е постар брат на моментно вторпласираната тенисерка во светот Динара Сафина. Тие се досега единствените брат и сестра, кои успеале да го достигнат првото место на АТП, односно ВТА листата. Сафин ја започна професионалната кариере во 1997. Во ноември 2000, тој го зазеде првото место на АТП ранг листата, а повторно истото го стори во април 2001, а светски број 1 беше вкупно 9 седмици. Првата Гренд-слем титула ја освои на отвореното првенство на САД во 2000 по победата над Пит Сампрас во финалето, а втората титула ја освои на отвореното првенство на Австралија, победувајќи го Лејотон Хјуит во финалето. Сафин, исто така има освоени и две титули како дел од репрезентацијата на Русија во Дејвис купот, прваат во 2002 и втората во 2006. Прочитајте повеќе
|