Портал:Спорт/Избрана статија/2008

спорт: (портал, проект)  

Избрани статии во порталот:Спорт се оние статии поврзани со спортот кои корисниците на Википедија ги сметаат за најквалитетни најсодржајни. За една статија да биде избрана најпрвин треба да биде изгласана. Избраната статија опстојува на порталот еден месец.

Предлагачот на статијата треба само да предложи извадок од некоја статија поврзана со спортот на страницата за разговор којашпто потоа треба да биде изгласана од корисниците на Википедија.

Гласањето се одвива така што секој може да го даде својот глас или својот коментар, користејќи ги предлошките: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} или {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници се земаат во предвид. Гласањето завршува на последниот ден од месецот во 24 часот.

Забелешка: На секоја избрана статија на месецот на порталот:Спорт најдолу се внесува предлошката {{Портал:Спорт/Избрана статија}}.


декември

Марија Шарапова (родена во 1987) е руска професионална тенисерка. На крајот на 2006 година, таа беше најскапо платената спортистка во светот.

Шарапова има освоено три Гренд Слем турнири. Во 2004 година, на 17 години, таа стана третата најмлада освојувачка на Вимблдон (зад Лоти Дод и Мартина Хингис) откако во финалето извојува победа над американката Серена Вилијамс. Две години подоцна ја совлада Жастин Анин во финалето на УС Опен од 2006 година. Во 2008 година, по победата над Србинката, Ана Ивановиќ, Шарапова ја освои и својата трета гренд слем титула, овој пат на Австралијан Опен.

Родителите на Шарапова се преселуваат од Хомјел, Белорусија во Сибир, Русија после јадрената несреќа во Чернобил. Марија се раѓа следната година во Њаган. Прочитајте повеќе


ноември

Голф-опрема — збирен назив за помагала кои се користат во играње на голф за удирање на голф топче. Се смета дека се делат на три општи категории, и тоа:

  • Дрва (woods) Првично имале дрвени глави. Се користат за терање на топката на долги растојанија од подметка (ти, tee) или фервејот (fairway). Имаат различни степени на накосеност. Денеска се изработуваат од титан или мешовит материјал.
  • Железа (irons) Првично со метални глави. Исто така варираат по накосеност.
  • Вметнувач или патер (putter) Се користи за терање на топката низ кратки растојанија по земја со оптимална прецизност, обично по зеленилото со дупка (putting green).

Разни палки се направени со разни степени на накосеностна главата (clubhead). Оваа накосеност, по ударот, му дава голф топчето да оди по нагорна траекторија, но бидејќи главата е накосена, топчето не се удира со нагорен замав: со исклучок на почетниот удар, палката всушност ја удира топката во хоризонтално или малку надолно движење. Резовите на топчето даваат обратночасовнички вртеж (од гледна точка паралелна на замавот), познат како вртена топка (backspin), кој задно со отскочниот ефект на топчето го подигаат. Прочитајте повеќе


октомври

ФК Манчестер Јунајтед — професионален фудбалски клуб од Манчестер, Англија, кој се натпреварува во Премиер лигата, највисокото фудбалско натпреварување во англискиот фудбалски систем. Познат под прекарот "Црвени ѓаволи", клубот бил основан под името Њутн Хит во 1878 година, го променил своето име во Манчестер Јунајтед во 1902 година, и започнал да игра на сегашниот стадион Олд Трафорд во 1910 година.

Манчестер Јунајтед е најуспешен клуб во Англија, со освоени рекордни 20 национални титули, 12 титули во ФА Купот, 5 титули во Лига Купот и рекордна 21 титула во ФА Комјунити шилд. Клубот исто така трипати ја освоил УЕФА Лигата на шампионите, еднаш УЕФА Лигата на Европа, еднаш УЕФА Купот на победниците на куповите, еднаш Суперкупот на УЕФА, еднаш Интерконтинеталниот куп и еднаш Светското клупско првенство. Во сезоната 1998–99, клубот станал прв во историјата на англискиот фудбал кој во една сезона успеал да ги освои титулите во Премиер лигата, ФА купот и Лигата на шампионите. Во сезоната 2016–17, со освојувањето на Лигата на Европа, Манчестер Јунајтед станал само петти клуб во историјата кој ги освоил сите три клупски натпреварувања на УЕФА. Прочитајте повеќе


септември

Аикидо — модерна јапонска боречка вештина. Основана е во периодот од 1930. до 1960.годинa од г. Морихеи Уешиба (Morihei Ueshiba) (наречен од аикидоките - О сенсеи - што во превод значи Големиот учител). Технички, главните делови на аикидото се преземени од Daitō-ryū Aiki-jūjutsu (大東流合気柔術) , една школа на џуџуцу со многу придружни техники од кенџуцу (剣術, kenjutsu) - јапoнски вештини со меч. Една од позначајните причини за остварувањето на посебност на аикидото во однос на другите боречки вештини, е влијанието од сектата Оомото Кјо – Шинто огранок, каде што членувал Морихеи Уешиба. Поради влијанието што Шинто религијата го извршила за негово создавање, многумина мислат дека аикидото е нејзин израз, но тоа не е точно, за што ни сведочи и неговата распространетост ширум светот. Религијата е нешто што е потполно одвоено од аикидото.

Оној што вежба аикидо се нарекува аикидока.

Јапонскиот збор аикидо е составен од три слога,

  • - аи - складно здружување, хармонизација
  • - ки - енергија
  • - до - начин

Преведено како „Начин на хармонизирање со енергијата“, името потполно ја изразува смислата на оваа боречка вештина, која се состои во принципот на неотпор. Овој принцип подразбира аикидоката да не се потпира на својата физичка сила во текот на борбата туку со точни и навремени движења да успева да ги пренасочува нападите на противникот не блокирајќи ги и не судирајќи се со нив. Прочитајте повеќе


август

Летни олимписки игри 2008 — меѓународен спортски настан кој се одржал од 8-24 авуст 2008 година во Пекинг, Кина. Некои настани се одржале одржат надвор од Пекинг, меѓу кои биле фудбалските натпревари (во Квинхуангдао, Шангај, Шенјанг и Тјаижин), јавачките натпревари (во Хонгконг) и натпреварите во едрење (во Квингдао). Ова бил трет пат Олимписките игри да се одржат под јурисдикција на два различни олимписки комитета (Хонгконг и Кина се натпреварувале одделно).

Организацијата на Олимписките игри му била доделена на Пекинг по гласањето на Меѓународниот олимписки комитет на 13 јули 2001 година. Официјалното лого на игрите, со наслов „Разиграниот Пекинг“, прикажувал стилизиран кинески калиграфски симбол „жинг“ (, со значење главен град), што претставува навод на градот домаќин. Маскотите на игрите биле пет „Фува“ (кинески:福娃, Fúwá); буквален превод „кукли за добра среќа“), од кои секоја е обоена во една од боите на олимписките кругови. Олимпискиот слоган „еден свет, еден сон“ го повикувал светот да се обедини во олимпискиот дух. Спортистите се натпреварувале во 302 дисциплини во 28 спортови, што било за само еден натпревар повеќе од распоредот на претходните игри. Најуспешна земја била Кина со освоени 48 златни од вкупно 100 медали. Прочитајте повеќе


јули

Гимнастикаспорт во кој се изведуваат физички вежби за кои е потребна комбинација на физичка сила, брзина и кондиција. Во модерната гимнастика се изведуваат вежби на разбој, греда, партер, коњ со разчки и без рачки (прескок), кругови и вратило. Гимнастиката се развивала врз основа на вежби кои се изведувале во античко време, како јавнување и симнувањње од коњ и циркуски вештини.

Зборот гимнастика потекнува од грчкиот збор γυμναστική(гимнастике) што значи „фонд на физички вежби“, од γυμνάσια (гимназија) што значи „вежба“ и γυμνός (гиннос) што значи „гол", бидејќи физичките вежби се изведувале со голо тело.

Гимнастиката за прв пат се појавила во Египет, но тогаш се сметало дека тоа биле само акробации. Во 2 милениум п.н.е. на островот Крит, како дел од миноската култура многу мажи и жени започнале да скокаат преку бикови. Ваквата опасна вежба се состоела во скок кон бикот кој е во фаќање, држење и испуштање од неговите рогови по што следувале акробации во воздух. Во римската држава гимнастиката исто така била популарна како и во стара Грција, а таа главно се практикувала во подготвувањето на војската. Со укинувањето на Античките олимписки игри во 393 година од страна на римскиот цар Теодосиј Велики, гимнастиката како и останатите спортови останала заборавена со векови. Прочитајте повеќе...


Архива на избрани статии
2010
Марат Сафин · Зимски олимписки игри 1924 · Двојна круна · Шах · Ката (карате) · Светско првенство во фудбал · Крикет · Стадион Емирати · Пјер де Кубертен · Машка кошаркарска репрезентација на Македонија ·
2009
Европско првенство во фудбал 2008 · Универзијада · Стадион Хајбери · Тенис · Елена Исинбаева · Кошарка · 2009 ФИФА Куп на Конфедерации · Маријан Бенеш · ФА Премиер лига · Средоземни игри · Национална Кошаркарска Асоцијација · Уметничко лизгање
2008
Гимнастика · Летни олимписки игри - 2008 · Аикидо · ФК Манчестер Јунајтед · Голф палка · Марија Шарапова