Портал:Спорт/Избрана статија/2009/август

Маријан Бенеш (1951 — 2018) — југословенски боксер од Босна и Херцеговина, кој сѐ уште се смета за еден од најголемите во историјата на Југославија. После восхитувачка аматерска кариера, која кулминира со освојување на златен медал на Европското аматерско првенство кое се одржува во Белград, станува професионален боскер во 1977, а две години подоцна ја освојува и европската титула во велтер категорија. Бенеш се повлекува од активно боскување во 1983 година, откако се здобива со сериозна повреда на окото.

Во текот на својата аматерска кариера, Бенеш 9 пати станува шампион на Босна, 4 пати на Југославија и се закитува со уште небројно многу награди и признанија. Во 1973 година, ја освојува европската титула во велтер категорија. Прочитајте повеќе