Википроектот спорт е со цел да овозможи создавање на нови статии од областа на спортот, како и нивно одржување, надополнување и поврзување од страна на википедијанците кои се решени да се организираат и да помогнат во поглед на оваа област.
Ако сакате да помогнете во уредувањето на статии поврзани со спортот, слободно станете активен член на овој Википроект. Доколку имате некои предлози или скатае нешто да промените слободно сторете го тоа и користете ја страницата за разговор.
Основните цели кои треба да бидат остварени се:
- создавање на квалитетни статии;
- статии за спортови, спортски дисциплини, и натпреварувања и нивна класификација;
- статии за спортисти и нивна класификација по спортови и земји;
- статии за актуелни и поранешни спортски настани;
- создавање на статии за македонски спортисти, спортски настани кај нас и други спортски збиднувања;
- создавање на статии кои потврдуваат дека спортот е здравје;
- создавање на статии поврзани со спортски справи, спортскиот живот и спортската исхрана
- редизајн на постоечките статии;
- надополнување на постоечките статии согласно најновите промени;
- создавање на Портал:спорт како замена за постоечката Категорија:Спорт;
- додавање на меѓујазични врски од областа на спортот со другите јазични изданија на Википедија;
- обид за развиј на култура кон спортот и негово популаризирање.
Ако сакате да станете учесник во ВикиПроектот Спорт, слободно додадете го вашето име на списокот на учесници.
википедијанците коишто сакаат да помогнат во реализирањето на целите на овој проект може да ја додадат предлошката {{Корисник:ВикиПроект Спорт}} на својата корисничка страница.
Работата на Википроектот спорт најмногу се темели врз актуелните спортски случувања.
Примарната работа на овој Википроект се фокусира на следниве области:
- Олимписки игри;
- Големи натпреварувања во одреден спорт;
- Спортови, нивен развој, дисциплини и актуелност;
- Познати светски спортисти и нивни постигнувања;
- Спортски зданија;
- Спортот во Македонија;
- Наши спортисти.
Секундарната работа е фокусирана на:
- Спортски организации;
- Помагала, реквизити и спортска опрема;
- Познати брендови и произведители на истите;
- Спортот во секојдневниот живот.
- {{ВикиПроект Спорт статија}} - оваа предлошка е ознака дека статијата е дел од проектот спорт- пожелно е да се додаде на страницата за разговор.
- {{Корисник ВикиПроект Спорт}} - оваа предлошка се додава на страниците на корисниците кои се членови на Википроектот спорт.
- {{Портал:Спорт/Избрана статија/GGGG/mmmm}} - оваа предлошка се додава најдолу на статиите кои се одбрани за статии на месецот, така што на местото од GGGG се запишува годината (2008, 2009,..), а на местото од mmmm се запишува името на месецот (јануари, февруари,...).
При уредувањето на нови статии и подобрувањето на постоечките, внимавајте на стилот на уредување. Во наредната список се дадени статиите од областа на спортот кои се предвидени и треба да ги има на Википедија на македонски јазик:
- список на спортски статии кои треба да ги има на Википедија на македонски јазик
- список на европски фудбалски репрезентации
|