Портал:Спорт/Избрана статија/2009/април
Тенис — спорт кој се игра меѓу два играчи (сингл), или помеѓу два тима од два играчи (дубл). Целта во тенисот е да се префрли гуменото топче преку мрежата со помош на рекетот, од својата половина на половината на противникот. На некои места тенисот се нарекува уште и тревен тенис со цел да се разликува од вистинскиот тенис, кој е сличен на денешниот тенис и бил игран во викторијанска Англија. Тенисот стана олимписки спорт во 1988.
Игрите со топка датираат од антички времиња и првите знаци на вакви спортови можат да се проследат до цртежи во Египетските храмови кои датираат од 1500 г.п.н.е. Старите Египќани всушност играле игри со топка како дел од нивните верски обреди. Овие традиции и целиот концепт на игри со топка бил проширен во Европа во осмиот век од страна на Маврите, чие царство се простирало до јужна Франција. Прочитајте повеќе