Лимонит е железна руда составена од мешавина на хидратни железо (III) оксид-хидроксиди во различен состав. Општата формула често се пишува како FeO(OH)·nH2O, но тоа не секогаш е точно бидејќи односот на оксидот и хидроксидот може силно да варира. Лимонит е една од трите основни железни руди, заедно со хематит и магнетит, и се ископува за производство на железо од пред најмалку 2500 г.п.н.е.[1]

Лимонит името го добил од грчкиот збор лемон (λειμών), што значи „влажна ливада“ или лимн (λίμνη), што значи „мочурливо езеро“ затоа што ваквата руда најчесто може да се најде во ливадите и мочуриштата. Понекогаш може да се најде во кафева варијанта и тогаш се нарекува кафеав хематит [2] или кафеава железна руда. [3]

Одлики

уреди

Лимонитот е релативно густ со специфична тежа од 2,7 до 4,3.[4] Обично има средно до темно жолтеникаво кафеава боја. Цврстината е доста променлива, и се движи од 1 до 5. Има висок показател на прекршување, 2,0 - 2,4.

Создавање

уреди

Лимонитот обично настанува со хидратација на хематит и магнетит, со оксидација и хидратација на сулфидни минерали богати со железо и хемиски атмосферски влијанија на други минерали богати со железо како оливин, пироксен, амфибол и биотит.[5] Често е главната железна компонента во латеритни почви.[6][7]

Употреба

уреди

Лимонитните руди богати со никел се најголем извор на никел. Ваквите минерали се класифицирани како латеритни наоѓалишта на никелова руда.[8]

Најпрво се употребувал како пигмент. Од жолтиот лимонит се произведувала жолта окер боја по која бил прочуен Кипар,[9] а од потемните форми се произведувале повеќе земјени тонови. Лимонитот бил еден од првите материјали кои ги користеле луѓето како пигменти, што може да се види во неолитските пештерски слики и пиктографи.[10]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Diop-Maes, Louise Marie (1996) "La question de l'Âge du fer en Afrique" ("The question of the Iron Age in Africa") Ankh 4/5: pp. 278–303, in French; archived here by Internet Archive on 25 January 2008
  2. Jackson, Julia A., уред. (1997). „brown hematite“. Glossary of geology (Fourth. изд.). Alexandria, Virginia: American Geological Institute. ISBN 0922152349.
  3. Jackson 1997.
  4. Northrop, Stuart A. (1959) "Limonite" Minerals of New Mexico (revised edition) University of New Mexico Press, Albuquerque, New Mexico, pp. 329–333, OCLC 2753195
  5. Nesse, William D. (2000). Introduction to mineralogy. New York: Oxford University Press. стр. 371–372. ISBN 9780195106916.
  6. Rubisov, D.H; Krowinkel, J.M; Papangelakis, V.G (November 2000). „Sulphuric acid pressure leaching of laterites — universal kinetics of nickel dissolution for limonites and limonitic/saprolitic blends“. Hydrometallurgy. 58 (1): 1–11. doi:10.1016/S0304-386X(00)00094-3.
  7. Gao, Jian-ming; Cheng, Fangqin (August 2018). „Study on the preparation of spinel ferrites with enhanced magnetic properties using limonite laterite ore as raw materials“. Journal of Magnetism and Magnetic Materials. 460: 213–222. Bibcode:2018JMMM..460..213G. doi:10.1016/j.jmmm.2018.04.010.
  8. Kerfoot, Derek G. E. (2005), „Nickel“, Ullmann's Encyclopedia of Industrial Chemistry, Weinheim: Wiley-VCH, doi:10.1002/14356007.a17_157
  9. Constantinou, G. and Govett, G. J. S. (1972).
  10. Wilford, John Noble (13 October 2011) "In African Cave, Signs of an Ancient Paint Factory" The New York Times; hardcopy published 14 October 2011 under title "African Cave, Ancient Paint Factory Pushes Human Symbolic Thought ‘Far Back’" New York edition page A-14; archived by WebCite page 1 and page 2 on 11 March 2012

Надворешни врски

уреди