Стојан Георгиев Томовичин
Стојан Николов Георгиев (Мачката) — македонски национален деец од пиринскиот дел на Македонија, борец за националните права на Македонците под Бугарија.[1]
Стојан Георгиев | ||
Роден | 18 март 1938 Петрич, Бугарија |
---|
Стојан Георгиев потекнува од бунтовничко македонско семејство. Неговиот дедо од мајчина страна цели пет години поминал во затворот „Еди куле“ како борец за ослободување на Македонија од Османлиското ропство. И други негови предци се бореле и умирале за слободата на македонскиот народ.
Стојан Георгиев (наречен Томовичин по дедо му Томо) — роден на 18 март 1938 година во градот Петрич, Пиринскиот дел на Македонија. Уште како ученик на 18-годишна возраст доаѓа во судир со бугарската власт поради неговиот јавно искажан став за постоење на Македонците како посебен народ од Бугарите и членство во илегалната македонска организација Илинден. Покрај бројните полициски испитувања и малтретирања од секаков вид, има одлежано две затворски казни од по четири години. По паѓањето на комунизмот во Бугарија, избран е за прв претседател на ОМО „Илинден“. Наспроти сите закани и притисоци во Бугарија, учествува на разни меѓународни средби на кои го брани правото на Македонците да се стекнат со своите национални права.
Наводи
уреди- ↑ Cvetanka M. Vidovska (1998). Bibliografija na ilustriranoto spisanie "Makedonija", 1953-1993: bibliografijata gi opfaḱa publikuvanite prilozi od otvori od Makedonija, avtori Makedonci od dijasporata, kako i prilozi od stranski avtori. C.M. Vidovska.
Литература
уреди- Д-р Васил Јотевски "Македонците во пиринскиот дел на Македонија 1949-1989"
Надворешни врски
уреди- Македонија над сè Архивирано на 6 декември 2010 г., Стојан Георгиев-Томовичин, Битола, 1990
- Интервју со Стојан Георгиев.
- Говор на Стојан Георгиев на конференција на Обединетата Македонска Дијаспора
- Протест на ОМО Илинден-ПИРИН со изјава на Стојан Георгиев
Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |