Доцент д-р Георги Радуле е роден во 1942 година во селото Кремен, Пиринскиот дел на Македонија. По завршувањето на основното училиште во родното село, средното образование го продолжил во Банско. Има завршено два технички факултети, на два различни универзитети, и има објавено неколку учебници за техничките училишта. Работи како професор на Рударско-геолошкиот универзитет во Софија.

Податотека:Radule.jpg
Доц. д-р. Георги Радуле

Независно од неговата професионална ангажираност, Радуле со години ја проучувал историјата на својот македонски народ. Како резултат на неговата истражувачка работа во 1997 година во Софија беше објавена книгата “Историја на Македонија - апологија на македонизмот“.

Оваа книга ја претставува комплетната историја на македонскиот народ, од антиката до средината на 20 век, и таа е првата книга од ваков вид објавена во Бугарија и на бугарски јазик. Поради отворено искажаните ставови за одбрана на засебниот македонски национален идентитет, авторот и книгата предизвикаа бурни реакции во Бугарија, и беа цел на бројни критики и притисоци.

Од книгите на историска тема ги има објавено уште: “Кремен - минато и наследство“ и “Кој ја фалсификува историјата?“.

Литература

уреди

Весник “Народна Волја“.

Надворешни врски

уреди