Стојко Иванов Стојков (16 април 1974 во Сандански, Пиринска Македонија, Бугарија) — македонски национален деец во Бугарија ѝ заштитник на правата на македонското малцинство во Бугарија,[1] вонреден професор доктор на историски науки при Универзитетот Гоце Делчев[2] како и член на Претседателството на Комитетот за византологија и медиевистика на Република Македонија.[3]

Животопис

уреди

Средното образование го завршил во родниот град, а потоа дипломирал историја на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје,[4] каде што е награден со наградата „Љубен Лапе“ за студент по историја, дипломирајќи со највисок успех во 1997 година. Во 2003 година ја одбранил својата прва дисертација во Скопје на тема од македонската средновековна историја.[1]

Борец за човекови права

уреди

Тој се вклучил во организираните активности за заштита на правата на Македонците во Бугарија во февруари 1990 година, на возраст од 16 години и бил еден од учесниците на првиот македонски протест во Софија во март 1990 година по падот на комунизмот. Бил член и активист на ОМО Илинден во периодот 1990-1996 година. Во 1997 година земал активно учество во процесите на обединување на македонското движење, што довело до формирање на ОМО Илинден - ПИРИН. Во 2004 година е избран за копретседател, а од 2006 година е копретседател на ОМО Илинден-ПИРИН. Бил задолжен за односи со медиумите и меѓународните односи и како таков во овој период учествувал во повеќе изјави, интервјуа, средби со странски дипломати, организации за човекови права, меѓународни комисии и политичари.[1]

Како претставник на Македонците од Бугарија, пратеник на ОМО Илинден - ПИРИН и весникот Народна Волја, посетил повеќе земји и разговарал со многу македонски организации и Македонци во САД, Канада, Австралија и други.[1] Во 2016 година во име на ОМО Илинден - ПИРИН, одржал прес-конференција во Европскиот парамент, каде ги запознал со проблемите што ги имаат малцинствата во Бугарија. И со кусиот рок со кој располагале за ова излагање, успеале да добијат поддршка на 141 пратеник и да ги информираат европските депутати дека во Бугарија постои и македонско малцинство, дека има проблеми со малцинствата, дека има и една партија на која и покрај тоа што е демократска и ги исполнува сите законски услови, државата не ѝ дозволува да дејствува легално.[4]

Докторска дисертација

уреди

Докторската дисертација со наслов „Поимите „Словени“ и „Бугари“ во Македонија и Бугарија од VII до XIII век (феномен и значење)“ ја напишал во Бугарија, а ја одбранил во Скопје на 17 јануари 2013 година пред комисија составена од еден академик (акад.д-р Ѓорѓи Поп-Атанасов), тројца професори (проф.д-р Коста Аџиевски, проф.д-р Александар Атанасовски и проф.д-р Бобан Петровски) и еден вонреден професор. Докторската дисертација на Стојко Стојков претставува значаен научен придонес во македонското средновековни студии и придонесува за расветлување на многу прашања од македонската средновековна историја (624 страници труд со преку 2500 фусноти).[1]

Новинарство

уреди

Во 2003 година почнал да соработува со весникот „Народна Волја“, а од април 2007 година станал заменик-главен уредник на овој македонски весник. Како новинар го создал и организирал објавувањето на билтенот „Македонски глас“ и активно учествувал во изработката на речиси сите материјали на партијата. Стојков продолжил по истиот пат и во научната и новинарската област, како и во движењето за заштита на правата на Македонците во Бугарија.[1]

Статии и публикации

уреди

Монографии:[5]

Секции во книги:[5]

  • (2021) Многуимените други: Македонија како пресечна точка на другоста на средновековниот Балкан. Во: Прилози за историјата на Македонија и македонската култура. МАНУ, Скопје, стр. 147-165. ISBN 978-608-203-316-7
  • (2020) Persecution of “Non-Existent”: Repression of Macedonians in Bulgaria during the Communist Period (1944 – 1989). Во: Macedonia & its Questions. Studies on Language and Culture in Central and Eastern Europe (34). Peter Lang, Berlin, pp. 205–255. ISBN 978-3-631-81911-1
  • (2018) Свети Климент: Од Епископа словýнска до επισκοπου βουλγαριασ. Трансформација во разбирањето на категориите Словени и Бугари во византиските извори. Во: Милениумското зрачење на Св. Климент Охридски Скопје, 28 – 29 октомври 2016 година Скопје. МАНУ, Скопје, pp. 219–238. ISBN 978-608-203-228-3

Статии:[5]

  • (2021) За македонците се говори – с тях не се говори - Българо-македонската историческа война. Marginalia.
  • (2021) The continuation of communist-era totalitarian policies in the European Union: the case of Bulgaria, the Macedonian minority and Macedonia’s EU integration. Security Dialogues, 12 (1). pp. 49–67. ISSN 1857-7172
  • (2020) From ‘Nations’ to ‘Archontias’ (II) Terms ‘Sclavinia’ and ‘Sclavoarchontia’ and Incorporation of Balkan Slavs in Byzantium. Slověne, International journal of Slavic studies, 9 (2). pp. 7–37. ISSN 2305-6754
  • Butusova, Natalija and Stojkov, Stojko (2020) Subjective and objective in the national self-identification of Macedonians in Bulgaria. Balkan Social Science Review, 16. pp. 227–245. ISSN 1857-8772
  • (2019) Македонско малцинство няма и не може да има“. Докога!? (Недостигащата гледна точка). Маргиналия.
  • (2019) Самопризнания: Атанас Шопов за положението в Македония. Народна волја (8 - 12). p. 10. ISSN 1310-4136
  • (2019) За дебатите, блатото и догматите. Народна волја (10-11). p. 5. ISSN 1310-4136
  • (2019) Историята като палачинка. Народна волја (4-7). p. 10. ISSN 1310-4136
  • (2019) Идентитет, наука и политика: идеите за етногенеза во македонската медиевистика 1944 – 1991 (II): Интерпретација на етногенезата во трудовите на македонските медиевисти во 1970-те и 1980-те. Review of the Institute of History and Archaeology RIHA, 6 (1). ISSN 2671-3144
  • (2019) Some Observations on the Appearance and Use of the Term Sclavinia in the Middle Ages. Гласник на институтот за национална историја, 63 (1-2). pp. 33–58. ISSN 0583-4961
  • (2019) The term Sclavinia in Byzantine sources:Re-examination of the chronological framework. Monumenta, 4. pp. 413–435. ISSN 1857-999x
  • Stojkov, Stojko and Butusova, Natalija (2018) О проблемах гарантирования прав македонского национального меньшинства в Болгарии. Сравнительное конституционное обозрение, 124 (3). pp. 15–32. ISSN 1812-7126
  • (2018) МПЦ меѓу бермудскиот триаголник на православниот етнофилетизам и маѓепсаниот круг на очајот. Народна воля македонски вестник за теория, история, култура и изкуство.
  • (2018) „Склавинија“ кај Теофилакт Симоката. Историја, 53 (1). pp. 15–40. ISSN 0579-0263
  • (2018) Отрицание на отрицателите. Да погледнем истината в очите. Народна волја (4-12). p. 10. ISSN 1310-4136
  • (2018) Идентитет, наука и политика: идеите за етногенеза во македонската медиевистика 1944 – 1991. I. Развој на идеите за етногенезата од 1949 до 1970-те години. Review of the Institute of History and Archaeology RIHA, 5 (1). pp. 42–66. ISSN 2671-3144
  • (2018) Царство, етницитет, наследства, интерпретации: Самoиловото царство меѓу националните митови и научните контроверзии. 1000 години од битката на Беласица и од смртта на цар Самоил. pp. 113–138. ISSN 978-9989-159-78-7
  • Стојко Стојков и Верица Јосимовска (2017) Идеите за етногенеза на македонскиот народ пред 1944. Review of the Institute of History and Archaeology, RIHA, 4 (1). pp. 80–93. ISSN 2671-3144 eISSN: 2671-3152 (In Press)
  • (2017) Планирање на минатото - сонување на иднината: народи, етногенези и политика во бугарската и македонската медиевистика. 70години институт за историја - 70 години македонска историографија. pp. 177–216.
  • (2017) Свети Климент како наш и каков? Meѓународна научна конференција Климентово дело. pp. 175–194. ISSN ISBN 978-608-244-404-8
  • Josimovska, Verica and Stojkov, Stojko (2016) Organization of illegal sanitation service in Macedonia during the WWII. Review of the Institute of History and Archaeology, RIHA, 3 (1). pp. 117–131. ISSN 2671-3144 eISSN: 2671-3152
  • (2016) Изучувањето на македонската национална историја во бугарските училишта. Состојби, предизвици и перспективи во воспитанието и образованието во Република Македонија: зборник на трудови. ISSN 78-608-242-037-0
  • Stojkov, Stojko and Butusova, Natalija (2016) Государственная национальная политика как гарантия национального самоопределения (на примере России и Болгарии). Современное общество и право, 23 (2). pp. 91–99.
  • Стојко Стојков и Наталија Бутусова (2016) За гаранцијата на правата на македонското национално малцинство во Бугарија. Proceedings, International scientific conference Social change in the global world (2). ISSN ISBN 978-608-244-353-9
  • Стојко Стојков и Верица Јосимовска (2016) Организирање на илегалната санитетска служба на територијата на Македонија в време на НОБ. Review of the Institute of History and Archaeology, RIHA, 3 (1). pp. 117–131. ISSN 2671-3144 eISSN: 2671-3152
  • Стојко Стојков и Тевдовски Љубен (2016) Некои прашања во врска со бугарскиот поход против Берзитија. Review of the Institute of History and Archaeology, RIHA , 3 (1). pp. 90–109. ISSN 2671-3144 /e: 2671-3152
  • (2016) Концепции за решавање на Македонското прашање на страните на весникот Пиринско дело (1945 – 1947). Гласник на институтот за национална историја, 1 (60). pp. 225–248. ISSN 0583-4961
  • (2016) Македонското малцинство во Бугарија од признавање кон негирање 1948 – 1989. Годишен зборник на ФОН, 6 (1). pp. 67–86.
  • (2016) Јазик Словенски во старословенските текстови (IX – XIV век). Историја, Здружение на историчарите на Република Македонија, 50/51 (1). pp. 121–146. ISSN 0579-0263
  • (2015) Фикцијата на објективните критериуми против правото на самоопределување: примерот на македонското малцинство во Бугарија. Зборник на научни трудови, Втора научна меѓународна конференција Општествени промени во глобалниот свет, 03-04 септ. 2015, Штип, 2. pp. 660–676. ISSN 978-608-244-267-9
  • (2015) Македонское меньшинство в Болгарии и бессилие международной правозащитной системы. Человек в глобальном мире, материалы Международной научной конференции (Воронеж, 18–20 мая 2015 г.). ISSN ISBN 978-5-9273-2207-7
  • (2015) По следите на истината или опит за прехвърляне на вината?! Makedonski glas, 35-36. pp. 13–15.
  • (2015) Фалшификация или актуализация на паметта? Народна воля македонски вестник за теория, история, култура и изкуство (12-4). pp. 10–11.
  • (2015) Bitola plate - dilemmas and interpretations. Самуиловата држава во историската, воено-полиитчката, духовната и културната традиција на Македонија, 2. pp. 80–105. ISSN ISBN 978-608-65524-6-6
  • (2015) Бугарскиот етнос и мултиетничка Бугарија: константа и еволуција на сфаќањата во византиските извори во X век. Гласник, 59 (1-2). pp. 63–86. ISSN 0583-4961
  • (2014) Национални мистификации – от песента до смъртта. Народна волја македонски вестник за теория, история, култура и изкуство, 12. pp. 10–11.
  • (2014) Крунисувањето на Самуил за цар и митот за царот евнух. Гласник на институтот за национална историја, 58 (1-2). pp. 73–92. ISSN 0583-4961

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „НАРОДНА ВОЛЈА“. web.archive.org. 2019-04-04. Архивирано од изворникот на 2019-04-04. Посетено на 2022-01-28.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. „Stoyko Stoykov | University Goce Delcev - Academia.edu“. wwwugd.academia.edu. Посетено на 2022-01-29.
  3. „Раководство – КВМРМ“ (англиски). Посетено на 2022-01-29.
  4. 4,0 4,1 boskowsky. „Стојко Стојков – чувар и бранител на вистината за Македонците во Пирин | Makedonsko Sonce“ (англиски). Посетено на 2022-01-29.
  5. 5,0 5,1 5,2 „Items where Author is "Stojkov, Stojko" - UGD Academic Repository“. eprints.ugd.edu.mk. Посетено на 2022-01-28.

Надворешни врски

уреди