Стојан Герасимов Василев

Стојан Герасимов Василев — роден на 10 септември 1948 година во село Клуч, Пиринска Македонија, Бугарија.

1965 година во село Клуч биле убиени две момчиња поради нивното македонско национално чувство[1]. Во наредните протести од страна на селаните учествувал и тогаш 17 годишниот Стојан. Вознемирен од неправдата започнал да пишува и растура летоци против бугарската влада во Петричката околија. Осомничен е од бугарската народна милиција и двапати испрашуван во полициската станица, но останал неразоткриен. Уапсен е при обид да укредне машина за пишување „0ПТИ­МА“ од медицинскиот пункт во село Скрт, заедно со Крум Тимов и Славчо Николов, и осуден на 5 месеци затвор. 1975 година, заедно со Илија Тевилов се уапсени и осудени на 1,5 години затвор, заради тоа што ги напуштиле населените место каде биле распоредени од милицијата. Потоа е интерниран во село Крстец. И по излегувањето од затворот Државна безбедност (ДС) продолжила да го следи поради неговиот нескршлив македонски национализам.[2]

По падот на комунизмот наново зел учество во борбите за човековите права на македонското малцинство во Бугарија и станал активен припадник на организацијата ОМО Илинден, а потоа и на партијата ОМО Илинден - Пирин. Во 1993 година му е признаено правото на борец против комунизмот, но Министерството на правосудството одбива да му исплати пензија поради неговото отворено изјаснување дека е Македонец. Стојан Василев е еден од основачите на Сојузот на репресираните Македонци во Бугарија, чиј обид за регистрација е одбиен од Благоевградскиот окружен суд.[3]. Оваа позната практика на бугарските судови не го обесхрабрува и тој продолжува да се бори за правата на репресираните Македонци во Бугарија [4]

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. (бугарски) http://www.narodnavolja.com/articles2009/09/txt06.asp Архивирано на 12 јануари 2011 г. Спомен за младите македонски маченици од село Клуч
  2. (бугарски) http://www.bghelsinki.org/index.php?module=pages&lg=bg&page=obektiv13906 Законораздавање под масата
  3. (бугарски) http://www.narodnavolja.com/articles2009/02/txt17.asp Архивирано на 3 јануари 2021 г. Дискриминацијата продолжува
  4. (бугарски) http://www.omoilindenpirin.org/news/2010/february12c_b.asp Отворено писмо до Мин.претседателот на Реп.Бугарија г-н Бојко Борисов