Иван Сингартијски

Иван Илиев Сингартијски (Мосомиште, Неврокопско, Пиринска Македонија, 1942 - Неврокоп (Гоце Делчев),20 јануари 2017) — член на ОМО Илинден, партијата на Македонците во Бугарија од нејиното создавање во 199 година. Важел а голем поборник за правата на Македонците во Бугарија.[1]

Иван Сингартијски
Роден 1942
Мосомиште, Неврокопско,  Бугарија
Починал 20 јануари 2017
Неврокоп,  Бугарија
Занимање политичар

Животопис

уреди

Сингартијски е роден во пиринското село Мосомиште, општина Неврокоп (денес Гоце Делчев) во 1942 година. Дипломирал на Машино-електротехничкиот институт во Софија. Работел како професор во Техникумот за електротехника во Гоце Делчев. Женет со две деца. Уште од првите денови на создавање на ОМО Илинден тој е нејзин припадник. По расцепот на организацијата е избран за претседател на новата ОМО ИЛИНДЕН - Демократско движење. Подоцна учествува во формирањето на ОМО Илинден - Пирин, за чии претседател, а по тоа и за сопретседател е избран. Починал во родниот град на 20 јануари 2017 година.

Надворешни врски

уреди
  1. Бугарската полиција ги приведува Омовци[мртва врска]