Современи бугарски погледи на пописот од 1946
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Денес се смета дека овој попис е направен присилно. Со наредба која е добиена како телеграма на 27 декември 1946, од околискиот управител до кметовите во Неврокопско се наредува сите граѓани да бидат попишани како Македонци по националност, со исклучок на Евреите, Турците, Ромите и Бугарите коишто се дојдени од пределите на Бугарија. Наредено е исто така сите Бугаро-мохамедани да се попишуваат како Македонци.[1]
За менување на народноста на Бугарите во регионот зборува и народниот претставник Борис Чанџиев од Неврокоп. Тој остро ја критикува оваа политика на внатрешното министерство кон Бугарите. Населението е огорчено од ова „насилство врз совеста“.[2] Оние од населението кои се спротивставувале, биле заплашувани дека ќе бидат пријавени како фашисти и ќе бидат иселени од нивните домови.[3] Ова присилно менување на етничката припадност на Бугарите во Пиринска Македонија од страна на бугарските комунисти под влијание на политиката на Коминтерната ја потврдува и бившиот претседател на Република Бугарија Петар Стојанов.[4]
Литература
уреди- ↑ Бърза! Телефонограма до Г Г кметовете на околията: Незабавно свикайте контрольорите и преброителите и им съобщете при попълване на графа 13 от домаќинската карта и графа 5 на домаќинския лист Б народност да се пише МАКЕДОНСКА, по изключение само евреите, циганите, Турците и българите дошли от пределите на България. Българомохамеданите да се пишат по народност Македонци, без разлика дали са отсам или оттатък р. Места. #10269, 27 XII 1946 г., гр. Неврокоп. Окол. Управител: Лаков (подпис и печат) - „од државниот архив на Благоевград, ф.242, оп.1, а.е.25, л.50“ (бугарски)
- ↑ в-к "Македония", брой 44, 2 декември 1998 г. - Партийното насилие над нацията през 1946 година НЕВРОКОП (30.XII.1946 година) Вътрешното министерство е наредило до общината да внушат на преброителите, щото листовете за преброяване да бъдат попълвани от самите тях, като в графата за народността всички българи и българомохамедани се посочват за Македонци. Тези, които протестират, се заплашват, че ще бъдат обявени за фашисти и ще бъдат изнесени от домовете им. Населението е възмутено от това нечувано изнасилване на съвестта. - Борис Чанджиев - народен представител
- ↑ в-к "Македония", брой 44, 2 декември 1998 г.
- ↑ Телефонен разговор на Петър Стоянов в предаването на Велизар Енчев Телевизија „Скат“, 12.08.2009