Историја на Пиринска Македонија (1913 - 2005)

Пиринска Македонија отсекогаш била дел од етногеографската област Македонија и поради тоа на нејзиното подрачје се случиле повеќе значајни настани од македонската национална историја, од таму потекнуваат многу македонски национални борци, дејци и историски личности кои дејствувале и работеле на подрачјето на пиринскиот дел на Македонија. Една од најпознатите македонски историски личности од овој дел на Македонија е Јане Сандански, друг познат македонски борец и деец од Пиринско е поетот и револуционер Никола Вапцаров. На подрачјето на Пиринска Македонија е дигнато познатото Македонско востание против турската власт во 1878/79 година со центар во Кресна, а исто така е изведено и познатото грабнување на американската мисионерка Мис Стон во 1901 година. Уште од античко време подрачјето на Пиринска Македонија било населувано од античките народи Тракијци, Пајонци и Македонци, а била приклучена и кон царството на Античка Македонија.

Појава на именувањето и терминот Пиринска Македонија уреди

Употребата на термиот Пиринска Македонија за првпат се среќава кај Димитар Влахов, поточно во неговата статија „Македонските Славјани против Хитлер“, објавена во списанието „Славјане“ во Москва на 4 септември 1942 година, а истиот термин од истиот автор повторно ќе биде употребен и во статијата „Македонскиот народ во борба за своето обединување“ што била објавена во истото списание на 4 април 1944 година.[1] Овие изрази што ги употребил Димитар Влахов во споменатите статии, биле прифатени и „верифицирани“ како такви, во материјалите од Второто (односно Првото вонредно) заседание на АСНОМ што било одржано во Скопје од 28 - 30 декември 1944, при што од тогаш па сè до денес ќе се задржи именувањето Пиринска Македонија и соодветно Вардарска и Егејска за останатите делови на Македонија во науката, дневниот печат, политиката, секојдневниот живот и културата.[1]

Македонско (Кресненско) востание уреди

Види Македонско востание

Во селото Кресна на 17 октомври 1878 година е подигнато Кресненското востание на македонскиот народ против османлиската власт.[2][3] Востанието во тоа време било наречено Македонско востание,[4] но подоцна во историската наука оригиналното име било променето во Кресненско востание според местото на одржување на востанието.[се бара извор] Главни раководители на востанието биле македонскиот револуционер[5] Димитар Поп-Георгиев Беровски и војводата Стојан Карастоилов.[6]

Во Уставот на Македонскиот востанички комитет од 1878 година пишува - Ние востанавме како поборници на слободата. Со нашата крв што ја пролеавме по планините и горите македонски, ние служиме како македонска војска на Александар Македонски за слободата со нашата девиза: Смрт или слобода![3] Исто така во Уставот пишува дека во Македонија живеат христијани и муслимани Македонци,[3] а се набројани и Турците, Албанците и Власите како жители на Македонија. Сличен документ, но и поважен е Правилникот за македонската војска напишан од Димитар Поп-Георгиев Беровски, самиот водач на востанието.[3]

Востанието било планирано да биде општонародно македонско востание и за таа цел биле формирани чети во тетовско, велешко, скопско, леринско, костурско и други краишта во Македонија. Востанието имало и за цел по ослободувањето на Македонија, да се спроведе членот 23 од Берлинскиот мировен договор кој предвидувал автономија за Македонија, но и дополнителни реформи во рамките на Турското Царство.[7]

Пиринска Македонија по Балканските и меѓу двете светски војни уреди

 
Протест на македонците во Софија, 1939 година

Види Прва балканска војна

По завршувањето на Балканските војни, Пиринскиот дел на Македонија заедно со Струмичката област влегуваат во составот на царството Бугарија. Во рамки на Париската мировна конференција по завршетокот на Првата светска војна, со Нејскиот мировен договор од 1919 година, Бугарија го отстапува Струмичко на кралството Југославија, при што Пиринскиот дел на Македонија ги добива границите во кои е определен сè до денешни дни. Во периодот по Балканските и меѓу двете светски војни, врз основа на договорите за размена на население помеѓу Бугарија и Грција, значаен број на Македонци од Егејска Македонија се доселува во овие краишта. Исто така, во овој период ВМРО на Тодор Александров, а подоцна и Ванчо Михајлов, ја користат Пиринска Македонија како база и засолниште од каде често се уфрлуваат во Вардарска Македонија извршувајќи вооружени напади врз српската (југословенската) жандармерија (војска), како и врз населбите со српски доселеници - колонисти. Дејноста и организираноста на ВМРО на Тодор Александров и Ванчо Михајлов ќе бидат толку големи, што тие во Пиринска Македонија ќе воспостават своја независна власт, за што на крај ќе мора да интервенираат и официјалните бугарски власти под наредба на бугарскиот цар за нејзино отстранување.

Пиринска Македонија во Втората светска војна уреди

Во текот на Втората светска војна, Пиринска Македонија како дел од Царство Бугарија, прво ќе го крене својот глас за ослободување и обединување со останатите делови на Македонија. На територијата на Пиринска Македонија уште во 1941 година ќе се оформат партизански одреди под раководство на македонскиот комунист од овој крај Никола Парапунов, а токму во Пиринска Македонија ќе се одигра и првата вооружена борба против бугарската фашистичка војска и воопшто првата вооружена битка против фашистичка армија на Балканот. На 1 јули 1941 година, помал партизански одред под водството на Македонецот Иван Козарев ќе ја нападне бугарската фашистичка полиција кај Разлог, со што официјално ќе започне вооружената борба на македонскиот и останатите балкански народи против фашистичките окупатори. Во периодот на Втората светска војна, Пиринска Македонија и целиот македонски народ ќе го загуби еден од најголеми македонски национални дејци и поети од овој крај Никола Вапцаров, кој ќе биде стрелан од бугарските фашисти во Софија во 1942 година. Во Пиринска Македонија во август 1943 година ќе бидат и забележани првите активности на Македонската народна федерална организација, која поактивно ќе дејствува во периодот на националната афирмација и слобода на Македонците во Пиринска Македонија, од 1944 до 1948 во времето на владеењето на Георги Димитров.

Започнување на процесот за припојување на Пиринска Македонија кон Вардарска Македонија уреди

Георги Димитров, водачот на Отечествениот фронт и првиот претседател на НР Бугарија кој по мајчина страна имал македонско потекло од околината на Разлог, е единствениот бугарски државник кој не само што ги признал постоењето на македонскиот народ како посебен словенски народ, македонскиот јазик како посебен словенски јазик, македонската историја и Република Македонија (тогаш Народна Република Македонија) како национална држава на Македонците, туку и се залагал за целосно обединување на Македонија во рамките на Балканска Федерација.

Георги Димитров во своето писмо од 1934 година до МНС од Детроит вели:[8]

Јас се чувствувам нераскинливо врзан со судбината на македонскиот народ и како бугарски пролетерски револуционер и како син на семејство што потекнува од Разлог - долината на историското Илинденско востание ....... Македонското движење има многу непријатели . Меѓутоа, најопасниот негов внатрешен непријател се агентите на бугарскиот империјализам, бугарскиот монархизам, бугарскиот фашизам и, пред сè бандата на Ванчо Михајлов ...... Не може дада има успешна борба против националното угнетување и за ослободување на македонскиот народ без конечно изолирање на македонските маси од таа опасна банда, без полното елиминирање на нејзината јудинска улога во македонското движење и во натрешниот живот на Бугарија (се мисли на ВМРО на Ванчо Михајлов)...... Само единствената револуционерна борба на македонскиот народ во најтесен сојуз со работниците и селаните во Бугарија, Југославија и Грција може да доведе до победа на македонската ослободителна револуција.[9]

Овие свои ставови Георги Димитров подоцна и ќе ги потврди со формулирање на следниве три точки:

1. Признавање на македонската нација како посебна словенска нација на Балканот и НР Македонија како национална држава на Македонците.

2. Признавање на националните права на Македонците во Пиринска Македонија под управата на Отечествено-фронтовската бугарска држава.

3. Создавање пријателска атмосфера меѓу Југославија и Бугарија и готовност за создавање на јужнословенска федерација во која би влегла и Бугарија како посебна единка со задолжително обединување на Вардарска и Пиринска Македонија која би била седма федерална единица во спомената федерација.

Врз основа на пописот од 1946 година, 70% од населението во Пиринска Македонија се декларирало за Македонци. Тоа било и своевиден референдум, па во училиштата во Пиринска Македонија почнало да се изведува настава на македонскиот мајчин јазик, отворени беа македонски книжарници, а во Благоевград (Горна Џумаја) почнало да работи Македонски народен театар и била дадена директива да се изработи законски проект според кој таа културна автономија на Македонците во Пиринска Македонија да се преобрази во територијална.[10] Меѓутоа, со резолуцијата на Информбирото (заладувањето на односите меѓу СФРЈ и Бугарија), смртта на Георги Димитров и доаѓањето на власт на Тодор Живков сето ова е забрането, поништено и прекинато.[11][12]

На заседание на партијата (21 април 1948 година) (БРП) околискиот секретар Георги Иванов истакнал дека учењето на македонскиот јазик во Пиринскиот крај е многу тешко, бидејќи луѓето не го мислеле тој процес за нешто природно, наспроти големиот труд по воведувањето.[13]

Борба за национални права на Македонците во Пиринска Македонија (1989-2005) уреди

  • 1989

14 ноември - Во Софија е формирано Независно здружение - Македонска организација Илинден (ВМРО - независна), од која подоцна се разви ТМО ВМРО - независна Илинден; водач: Георги Солунски.

  • 1990

05-06 јануари - Основан е Сојузот на македонските културно-просветни друштва (СМКПД) во Бугарија.

11 март - Мирни демонстрации во Софија на стотина Македонци од Софија и од Пиринска Македонија. Врачена петиција до Народното собрание на НР Бугарија.

14 април - Во Сандански е формирана Обединетата македонска организација (ОМО) Илинден; водач: Стојан Георгиев Томовичин.

22 април - Масовен собир на Македонците крај гробот на Јане Сандански, со учество на околу 10.000 луѓе. Објавена е декларација.

14-15 мај - ОМО Илинден и Илинден (ВМРО) - независна побараа регистрација. Барањата се одбиени.

6 јуни - ОМО-вци во „штафетен штрајк“, применета е полициска сила.

10 јуни - Бојкот на првите парламентарни избори во Бугарија.

02 август - во с. Оштава полицијата го прекина одржувањето на Првиот конгрес на ОМО Илинден, материјалите се запленети, а организаторите притворени.

  • 1991

19 април - Бугарскиот претседател Жељу Желев: „Бугарскиот Устав не го познава статусот национално малцинство“.

20 април - Оваа, како и сите наредни години, бугарските власти забрануваат собирање на Македонците крај гробот на Јане Сандански.

02 август - Спречена е прославата на Илинден, активисти на ОМО тепани од страна на бугарската полиција во Kресна.

Ноември - формирана е Македонската демократска партија; водач: Славе Македонски.

  • 1992

04-14 декември - На пописот на населението Македонците се повикани слободно да се декларираат како Македонци. ОМО испрати протест до КЕБС.

  • 1993

24 април - ОМО Илинден е обвинета за тероризам.

18 јуни - Уапсен е Георги Солунски - (на 31.10.1995 осуден на затвор).

30 септември - Формиран е Сојуз за просперитет на Пиринскиот дел на Македонија.

  • 1994

10 март - Водачот на ОМО Илинден, Јордан Костадинов, на прес-конференција во Софија побара статус на автономна област за Пиринска Македонија. Остри реакции од бугарска страна.

05 октомври - Во селото Мусомишта, Неврокопско, е формирана ОМО ИЛИНДЕН - Демократско движење. Водач - Иван Сингартијски.

15 април - При обид да разлепат летоци за чествувањето на годишнината од смртта на Јане Сандански, тројца припадници на ОМО Илинден се тепани од полицајци во Благоевград.

23 април - Полицијата не дозволува на група од околу 100 луѓе да чествуваат, блокирајќи го патот кон неговиот гроб кај село Хотово.

31 јули - Полицијата, ја блокира месноста "Самуилова крепост", за да го спречи чествувањето на годишнина од Илинденското востание од ОМО Илинден.[14]

  • 1995

17 март - ОМО Илинден ја обвини Бугарија пред Европскиот суд.

Април - луѓе на ОМО Илинден првпат се пуштени слободно до гробот на Јане Сандански.

26 јули - Четворица активисти на организацијата се уапсени при разлепување на летоци за прослава на Илинденското востание кај "Самуилова крепост". Настанот е забранет и оневозможен.[15]

31 октомври - Георги Солунски е осуден на 2 години и 8 месеци затвор за "дрско хулиганство". На судењето не се пуштени набљудувачи.

02 декември - Одржан е Вториот конгрес на ОМО Илинден за обединување.

  • 1996

04 февруари - Во с. Мусомишта е спречен собир на ОМО Илинден-ДД.

04 мај - Во Благоевград се уапсени 12 припадници на ОМО Илинден.

08 јуни - Во Сандански се уапсени 25 лица од ОМО Илинден. Истиот ден во Петрич се уапсени други 6 лица од организацијата, а во Благоевград уште 11. Спречено е одржувањето на конгресот на ОМО Илинден закажан во Американскиот универзитет во Благоевград.

10 јуни - 6 лица од истата група наново се уапсени во Благоевград, а други 30 лица се предупредувани дека ќе бидат уапсени.[16] Обиди за избор на ново раководство на ОМО.

21 октомври - Жалба на ОМО Илинден пред Европската комисија за правата на човекот во Стразбур.[17]

  • 1997

20 април - Активисти на ОМО Илинден не се пуштени од полицијата до гробот на Јане Сандански кај Роженскиот манастир. Собирот е забранет од окружниот обвинител и кметот на град Сандански. Автобус со 30 луѓе е сопрен кај село Лозеница и вратен назад. Двајца Македонци се жалат дека се тепани од полицајци кај село Ново Делчево. Едниот го документира со медицинско сведоштво.

05 мај - Уапсени се 15 луѓе од ОМО Илинден при обид аа чествување 94-годишнината от смртта на Гоце Делчев.

Август - полицијата блокира чествувањето од ОМО Илинден на годишнината од Илинденското востание кај "Самуилова крепост" близо Петрич.

12 август - ОМО Илинден бара Бугарија да ја потпише „Рамковната конвенција за националните малцинства“, без интерпретативна клаузула, како и спроведување попис на населението во Бугарија.

28 август - На граничниот премин "Станке Лисичково", на враќане од Охрид на Георги Христов му се одземени 31 книги со мотив дека тие се "со промакедонска националистичка содржина".

Септември - двајца полицајци од Благоевград пребаруваат печатница на „Народна Волја“ и конфискуваат негативи на весникот. На почетокот на октомври во Благоевград полицајци наново пребаруваат печатницата не весник "Народна волја". Конфискувани се два материјала.[18]

28 септември - Одржан е конгрес на ОМО Илинден - центар.

  • 1998

28 февруари - Во градот Гоце Делчев е одржан Обединувачки конгрес на фракциите и на групите на ОМО Илинден (со исклучок на групата на Јордан Костадинов).

29 јули - Европската комисија за човековите права ја разгледа и ја прифати тужбата на ОМО Илинден против Република Бугарија и ја упати до Европскиот суд во Стразбур.

14 август - Во Софија е одново регистрирана ТМО-ВМРО- независна, на водачот Георги Солунски, но не како политичка организација.

03 септември - ново крило на ОМО Илинден во Ќустендил, именувано како ОМО „Македонија“ - претседател Крум Малинов.

13 ноември - Судот во Благоевград ја одби регистрацијата на ОМО Илинден (претседател Јордан Костадинов). Сите пројави на организираните Македонци се забранети. Неколку лица се уапсени, а Васил Ѓуџемов, од село Ново Лески, Неврокопско, е тепан при што му се искршени предните заби. Јордан Тошев е уапсен кај Самуиловата тврдина, поради тоа што фрлил цвеќа во нозете на полицајците.[19]

  • 1999

12 февруари - Градскиот суд на Софија ја регистрира ОМО Илинден - Партија за економски развиток и за интеграција на населението (Пирин) како политичка партија - претседател Иван Сингартијски.

16 февруари - Протестна декларација од ОМО Илинден - Пирин по повод проектот на бугарско-македонската декларација, потпишана на 21 февруари во Софија од премиерите Георгиевски и Иван Костов во Софија

24 декември - Двајца кандидати на ОМО Илинден - Пирин се избрани на локалните избори за кметови на селата Мусомишта и Ново Лески.[20]

  • 2000

26 февруари - Во Кресна - прв легален конгрес на ОМО Илинден-Пирин.

29 февруари - Уставниот суд на Бугарија ја прогласи за неуставна ОМО Илинден-Пирин. Водачот Сингартијски најавува тужба до Европскиот суд во Стразбур.[21]

  • 2001

02 октомври - ЕСЧП во Стразбур првпат ја осудува Бугарија по делото Станков и ОМО-Илинден против Бугарија.[22] Но Бугарија не го прекинува притисокот врз Македонците.[23] ОМО Илинден и ОМО Илинден-ПИРИН се пуштени до гробот на Јане Сандански, но се повеќепати провоцирани од полицијата и нејзините агенти, а Ангел Тренев е уапсен и заплашуван со парична казна.[23]

  • 2002

12 септември - При обид да поднесат цвеќа на Денот на геноцид на Македонците во Благоевград, Македонците се нападнати од националистички групи (повеќето дојдени надвор од Пиринска Македонија), организирани од ВМРО. Некои од активистите се тепани, нивни предмети оштетени. Полицијата не реагира на насилствата, иако присуствува на настанот.[24]

12 декември - Софискиот градски суд одбива да ја регистрира ОМО-ПИРИН.[25]

  • 2003

Во март Софискиот градски суд откажува да ја регистрира новата политичка партија - „Обединена македонска општност - партија за интеграција, развој и економски напредок“, или ОМО ПИРИН, создадена пред локалните избори.[26]

  • 2004

Со исклучок на традициониот собир кај Рожен (дозволен само за 2 часа), другите пројави на организираните Македонци се забранети. ОМО Илинден ја тужи Бугарија во Стразбур.[27]

  • 2005

31 јули - ОМО Илинден одржува митинг на „Самуилова крепост“, иако е забранет. Полицијата не го спречува, но ги слика сите учесници, а тројца што биле првпат на сличен настан се повикани во полициската станица и заплашувани.

12 септември - Полицијата во Благоевград не дозволува активисти на ОМО Илинден да положат свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во градот. Полицајци одземаат четири од нивните знамиња и еден постер, а подоцна и еден венец со лента, демонстративно уништен на плоштадот. На Борис Павлов му е наложена парична казна. На враќање од Благоевград групата македонски активисти се нападнати од неидентификувани лица при обид да поднесат цвеќа на еден споменик во село Черниче. По нив се фрлани камења. Напаѓачите ги сокриле табличките на колата да не се гледаат. Се знае дека тоа е организирано од софиската ВМРО.[28]

Бугарија трипати е осудена од Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

20 октомври - На ОМО Илинден и Иванов против Бугарија[29] и на ОМО Илинден - Пирин против Бугарија.[30]

24 ноември - ЕСЧП - Иванов и други против Бугарија.[31]

Македонски борци и херои од Пиринска Македонија уреди

Извори уреди

  1. 1,0 1,1 Јотевски, Васил. Националната афирмација на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија 1944-1948. ИНИ, Скопје, 1996. стр. 5
  2. „КРЕСНЕНСКОТО МАКЕДОНСКО ВОСТАНИЕ“. Македонска Енциклопедија. 2018-10-23.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Кресненското востание во Македонија 1878-1879. Скопје: МАНУ. 1982. стр. 125, 272, 500, 505. На |first2= му недостасува |last2= (help)
  4. Миневски, Блаже (2020-09-19). „Признание за фалсификување на македонската историја од страна на еден бугарски академик!“. Нова Македонија.
  5. The Macedonian Knot. Frankfurt: Peter Lang Gmbh. 2009. стр. 27. ISBN 978-3-631-56067-9. На |first2= му недостасува |last2= (help)
  6. Македонија во времето на големата Источна криза (1875-1881). Скопје: Студентски збор. 1982. стр. 218. На |first2= му недостасува |last2= (help)
  7. Славејко Арсов (1878–1904). Скопје: Филозофски факултет – Скопје. 2014. стр. 16. ISBN 978-608-238-054-4. На |first2= му недостасува |last2= (help)
  8. Ташковски, м-р Драган. За Македонската нација. НИК „Наша книга“, Скопје, 1976. стр. 12
  9. Ташковски, м-р Драган. За Македонската нација. НИК „Наша книга“, Скопје, 1976. стр. 13
  10. Ташковски, м-р Драган. За Македонската нација. НИК „Наша книга“, Скопје, 1976. стр. 14-15
  11. МАРИНОВ, Чавдар (2020). Македонското прашање од 1944 до денес - Комунизмот и национализмот на Балканот (PDF). Скопје: Фондација Отворено општество. стр. 47. ISBN 978-608-218-300-8. Недостасува |author1= (help)
  12. Из протокол от заседание на ПБ на ЦК на БКП относно посещение на Тодор Живков в Турция и решение за урегулиране на отношенията със СФРЮ, придружено с “Мероприятия за изпълнение решението на Политбюро по македонския въпрос” (1968)
  13. Съвещание на околийските секретари на БРП (к) от Пиринския край, 21 април 1948
  14. Хелсиншки комитет, Бугарски (мај 1995). „Годишен доклад на Български хелзинкски комитет София, 8 март 1995 г.“. bghelsinki.org. Архивирано од изворникот на 2011-05-01. Посетено на 2021-08-12. line feed character во |title= во положба 47 (help)CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  15. Хелсиншки комитет, Бугарски (2009-07-29). „Правата на човека в България през 1995 година“. web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2009-07-29. Посетено на март 1996. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  16. Хелсиншки комитет, Бугарски (1996). „Правата на човека в България през 1996 година“ (PDF). Архивирано од изворникот на 2011-05-01. Посетено на 2021-08-12.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  17. „Дело Станков и ОМО "ИЛИНДЕН" срещу България“.
  18. Хелсиншки комитет, Бугарски (2011-05-01). „Правата на човека в България през 1997 г.“. web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2011-05-01. Посетено на 2023-08-28.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  19. Хелсиншки комитет, Бугарски (март 1999). „Правата на човека в България през 1998 година“. Архивирано од изворникот на 2011-05-01. Посетено на 2021-08-12.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  20. Хелсиншки комитет, Бугарски (март 2000). „Правата на човека в България през 1999 година“. Архивирано од изворникот на 2006-10-08. Посетено на 2023-08-28.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  21. Хелсиншки комитет, Бугарски (март 2001). „Правата на човека в България през 2000 година“. Архивирано од изворникот на 2006-10-08. Посетено на 2023-08-28.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  22. „HUDOC - European Court of Human Rights“. hudoc.echr.coe.int. Посетено на 2023-08-28.
  23. 23,0 23,1 Хелсиншки комитет, Бугарски (март 2002). „Правата на човека в България през 2001 година“. Архивирано од изворникот на 2006-10-08. Посетено на 2023-08-28.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  24. „Полицията спря саморзаправа между ОМО "Илинден" и ВМРО“. Mediapool.bg (бугарски). 2002-09-12. Посетено на 2023-08-28.
  25. Хелсиншки комитет, Бугарски (март 2003). „Правата на човека в България през 2002 година“. Архивирано од изворникот на 2006-10-08. Посетено на 2023-08-28.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  26. Хелсиншки комитет, Бугарски (март 2004). „Правата на човека в България през 2003 година“. Архивирано од изворникот на 2006-10-08. Посетено на 2023-08-28.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  27. Хелсиншки комитет, Бугарски (март 2005). „Правата на човека в България през 2004 година“. Архивирано од изворникот на 2006-10-08. Посетено на 2023-08-28.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  28. Хелсиншки комитет, Бугарски (март 2005). „Правата на човека в България през 2004 година“. Архивирано од изворникот на 2006-10-08. Посетено на 2023-08-28.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  29. „HUDOC - European Court of Human Rights“. hudoc.echr.coe.int. Посетено на 2023-08-28.
  30. „HUDOC - European Court of Human Rights“. hudoc.echr.coe.int. Посетено на 2023-08-28.
  31. „HUDOC - European Court of Human Rights“. hudoc.echr.coe.int. Посетено на 2023-08-28.

Надворешни врски уреди