Атанас Кирјаков е роден во декември 1960 година во Горна Џумаја, Пиринска Македонија. Потекнува од бегалско семејство од Егејскиот дел на Македонија. Со основно и средно техничко образование се стекнал во родниот град, денес наречен Благоевград.

Кирјаков во 1991 година ја основа издавачката куќа “Кукуш 1913“, преку која го издаваше весникот “Пиринска камбана“. Атанас Кирјаков е еден од основачите на Обединетата Македонска Организација Илинден (ОМО Илинден). Во Горна Џумаја во 1995 го основа Културно-просветното и спортско друштво “Светилник“. Активно се занимава со проучување на македонската историја преку собирање документи од Пиринскиот дел на Македонија. Врз основа на таквите документи, со Александар Донски во 2005 г. ја објавија книгата “Сведоштва од Илинденскиот период“.

Надворешни врски

уреди