Георги Сотиров Дукимов (7 декември 1926 во Горно Броди, Серско, Егејскиот дел на Македонија5 јули 2021 во Гоце Делчев (град), Пиринска Македонија) [1]— еден од најистакнатите припадници на македонското национално движење и маченик за македонската национална кауза во комунистичка Бугарија.[2][3]

Животопис

уреди

Неговото семејство се населило во градот Неврокоп (денешен Гоце Делчев), каде што завршил средно училиште. Во 1947 година, тој бил осуден на осум години и шест месеци затвор за приклучување кон македонска група која се спротивставувала на комунистичкото решение на македонското прашање.[2][3] Животот го поминал во градот Неврокоп и по бугарските затвори.

Тој и неговата група, позната како Групата на Дукимов, биле уапсени на 13 октомври 1947 г. во Неврокопско, како што објавил весникот Пиринско Дело. Иако постоеле активни групи кои му служеле на Ванчо Михајлов и агитирале на терен против македонската идеја, Групата на Дукимов отворено ја поддржувала Македонија и себеси си се декларирале за Македонци. Ова етикетирање од страна на Бугарската власт вопшто не било реален приказ на состојбата на теренот и на активните групи кои работеле за македонските идеи и права.[4]

Во неговата група, повеќето членови како и тој самиот имале потекло од Егејскиот дел на Македонија, па од таму тие агитирале за една засебна независна обединета Македонија во нејзините етнички граници, а со тоа не ја поддржувале идејата Пиринска Македонија да се припои кон Југославија,а да се изостави Егејскиот дел на Македонија.[5]

Дукимов е еден од основачите на ОМО „Илинден“.

Спомени и мисли

уреди

Напишал спомени под називот „ЕДНА ИДЕЈА ЕДИН ЖИВОТ“.

Ќе останат неговите искажувања:

„По убедување биди што сакаш, 
на својот бог се моли ти,
но никогаш немој да забраваш,
дека син на Македонија си ти.“
„Кога кажувам дека сум Македонец, значи постојам, се останато е предавство или смрт! ... Вековните маки на македонскиот народ се коват не само во Софија, Атина и Белград , туку и во Европа. За нас бугарскиот шовинизам, којшто сака да ја заграби Македонија духовно и физички , е враг број еден!“

Наводи

уреди
  1. „Како во Пиринска се испраќа Македонец“. Off.
  2. 2,0 2,1 Стојков, Стојко (2014). ТАБУ:Време на страх и страдание (PDF). Благоевград: ДРУЖЕСТВО НА РЕПРЕСИРАНИТЕ МАКЕДОНЦИ В БЪЛГАРИЯ. стр. 31. Недостасува |author1= (help)
  3. 3,0 3,1 Самуил Ратевски. „НАРОДНА ВОЛЈА“. www.narodnavolja.com. Недостасува |author1= (help)
  4. Стојков, Стојко (2016). ГЛАСНИК год.60 бр.1 (PDF). Скопје: ИНИ. стр. 241–242. Недостасува |author1= (help)
  5. Иван Катарџиев (2008). Македонска емиграција во Бугарија : 1944 – 1950. Скопје: МАНУ. стр. 176. ISBN 608-203-005-2. OCLC 456431528.

Надворешни врски

уреди