Димитар Талев
македонски писател и новинар
Димитар Талев (бугарски: Димитър Талев) — контроверзен писател од Македонија.[1][2] За време на владата на македонецот Георги Димитров бил уапсан во Бугарија и задржан во Софија. Ослободен во 1948 година тој продолжува да живее и работи во Бугарија. Умира на 20 октомври 1966 г. во Софија. Во Бугарија се смета за еден од класичните бугарски автори од XX век,[3] а во 2009 година неговиот роман „Железниот свеќник“ е избран на 4. место од 12 наjсакани книги од бугарските читачи.[4]
Димитар Талев | ||
Роден | 1 септември 1898 Прилеп, Отоманска Македонија | |
---|---|---|
Починал | 20 октомври 1966 Софија, НР Бугарија |
Димитар Талев беше славен од УНЕСКО во 1998 за придонес кон светската култура.
Творештво
уредиРомани
уреди- „Железниот свеќник“ (бугарски: „Железният светилник“) (1952)
- „Илинден“ (1953)
- „Преспанските камбани“ (1954)
- „Самуил“ (1958)
- „Хилендарскиот монах“ (бугарски: „Хилендарският монах“)
- „Гласовите ви ги слушам“ (бугарски: „Гласовете ви чувам“) (1966)
Извори
уреди- ↑ „Железниот светилник’’ на Димитар Талев на сцената на МНТ Архивирано на 15 декември 2023 г. Објавено на 4.6.2018 - 11:21
- ↑ НА ФЕСТИВАЛОТ "ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ" Култура, Наука (2008) „домаќините со "Светилникот" на контроверзниот Димитар Талев, велешани со нивниот "Херострат“
- ↑ "Речник по нова българска литература", Българска академия на науките, Институт за литература, София, 1994, стр. 367-370. (бугарски)
- ↑ Страница Архивирано на 7 февруари 2009 г. на Бугарската национална телевизиjа, проект Големото читање. (бугарски)
Надворешни врски
уреди- Младен Србиновски Тангентални доближувања до Димитар Талев Архивирано на 28 септември 2009 г. (македонски)
- Железниот светилник, Преспанските камбани, Илинден, Гласовите ви ги слушам Архивирано на 29 декември 2007 г. (бугарски)
- Celebration of anniversaries with which UNESCO was associated since 1996 (англиски)
- Виктор Цветаноски, "Македонците крем на бугарското општество" (6), "Димитар Талев се крепеше од љубовта спрема Македонија", "Утрински весник", број 2862, понеделник, 15 декември 2008.
- "Град Прилеп. Борби за род и слобода", 1943