Новоселјани (Кукушко)

Новоселјани или Јениќој (грчки: Ελευθεροχώρι, Елефтерохори, до 1927 Γενή Κιόι, Јениќој)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Новоселјани
Ελευθεροχώρι
Новоселјани is located in Грција
Новоселјани
Новоселјани
Местоположба во областа
Новоселјани во рамките на Кукуш (општина)
Новоселјани
Местоположба на Новоселјани во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 41°4′N 22°45′E / 41.067° СГШ; 22.750° ИГД / 41.067; 22.750
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&1000000000000006400000064 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно247
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 13 километри северозападно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 64 метри.

Историја

уреди

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Новоселјани имало 125 жители Македонци[3][4].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 176 Македонци и работело егзархиско училиште[3][5].

Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото[6].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година селото било евидентирано како напуштено село, додека во 1920 селото не се споменува.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население. Во 1926 година, селото било преименувано во Елефтерохори.[7]

Демографија

уреди

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 182 жители бегалци.[8], додека во 1940 година селото броело 332 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 304 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 301 жител, во 1971 година имало 188 жители, во 1981 година имало 176 жители, додека во 1991 година имало 176 жител[9]. Денеска, населението на селото е 247 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 332 304 301 188 176 176 247
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

уреди
  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Παρόχθιο
  3. 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 165
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99.
  6. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 103.
  7. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  8. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  9. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-09.