Караџа Кадар или Караџа Кади[2] (грчки: Καμπάνης, Камбанис, до 1926 Καρατζά Καδή, Караџа Кади, до 1955 година Βάλτοι, Валти)'[3] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Караџа Кадар
Καμπάνης
Караџа Кадар is located in Грција
Караџа Кадар
Караџа Кадар
Местоположба во областа
Караџа Кадар во рамките на Кукуш (општина)
Караџа Кадар
Местоположба на Караџа Кадар во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 40°58′N 22°52′E / 40.967° СГШ; 22.867° ИГД / 40.967; 22.867
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000167000000167 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.384
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 15 километри југоисточно од градот Кукуш и на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, и на 37 километри од градот Солун. Селото се наоѓа на надморска висина од 167 метри.

Караџа Кадар опфаќа површина од 24 квадратни километри[4].

Историја

уреди

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Караџа Кадар се состоело од 40 куќи и 179 Македонци.[5][6]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Караџа Кадар имало 200 Македонци.[5][7].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 280 Македонци и работело егзархиско училиште.[8].

Во Балканските војни од селото како доброволци учествувале Христо Георгиев и Христо Стоев.[9]

По крајот на војната, селото било вклучено во составот на Грција. Голем дел од населението заминало од селото кон Македонија или Бугарија и на негово место било населено грчко население од Понд. Во 1928 година селото броело 180 жители[10].

Во 1926 година селото било преименувано во Валти, додека во 1955 година во Камбанис[11] според грчки офицер кој загинал во времето на Балканските војни.

Демографија

уреди

По крајот на Балканските војни, бројот на населението во селото било 37 жители (1913). Селото во пописот од 1940 година броело 1275 жители, 1951 година броело 911 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 1025 жители, во 1971 живееле 786 жители, а во 1981 живееле 1051 жител. Денеска, населението на селото е 1384 жители[12].

По Втората светска војна, голем дел од населението се иселило во Солун.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1275 911 1025 786 876 1051 1384
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

уреди

Бидејќи самото село се наоѓа на поле, селото е богато со жито, а се произведува и голема количина на тутун. Населението се занимава и со сточарство.

Луѓе од селото

уреди
Родени во Караџа Кадар
  • Христо Георгиев (1891 - 1913) — македонски револуционер
  • Христо Стоев (1892 - ?) — македонски револуционер[13]

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καρατζά Καδή - Βάλτοι
  3. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βάλτοι - Καμπάνης
  4. Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 1. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”.
  5. 5,0 5,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 162-163.
  7. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 165.
  8. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99.
  9. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 850.
  10. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  11. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  12. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf
  13. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 650.