Кара Бунар
Кара Бунар (грчки: Μαυρονέρι, Мавронери, до 1926 Καρά Μπουνάρ, Кара Бунар)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Кара Бунар Μαυρονέρι | |
---|---|
Координати: 40°53′N 22°48′E / 40.883° СГШ; 22.800° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки округ |
Општина | Кукуш |
Општ. единица | Кукуш |
Надм. вис. | 155 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 656 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 14 километри јужно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро и на 5 километри од Горчливото Езеро, на 30 километри од градот Солун. Селото се наоѓа на надморска височина од 155 метри.
Кара Бунар опфаќа површина од 31 квадратни километри[3].
Историја
уредиВо „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 35 семејства и 115 жители муслимани[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Кара Бунар имало 270 жители Турци[5].
Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото муслиманско население било принудено да побегне од своите домови, додека во селото останале само 3 семејства. Муслиманското население заминало од селото кон Турција по потпишувањето на Лозанскиот договор, и на негово место било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1926 година, селото било преименувано во Мавронери.[6]
Демографија
уредиВо 1928 година селото било чисто бегалско со 445 жители бегалци.[7], додека во 1940 година селото броело 767 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 709 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 766 жители, во 1971 година имало 569 жители, во 1981 година имало 664 жители, додека во 1991 година имало 671 жител. Денеска, населението на селото е 656 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 767 | 709 | 766 | 569 | 664 | 671 | — | 656 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
уредиБидејќи самото село се наоѓа на Солунско Поле, селото е богато со жито и памук. Населението се занимава и со сточарство.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Γαλλικόν
- ↑ Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 1. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 162-163.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 165.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.