Киријакеика
Киријакеика (грчки: Κυριακαίικα) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Кукуш на областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 14 жители (2011). Ова е населба од поново време, создадена од немакедонски доселеници некаде во 1970-тите години.[2]
Киријакеика Κυριακαίικα | |
---|---|
Координати: 40°58.47′N 22°46.35′E / 40.97450° СГШ; 22.77250° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки |
Општина | Кукуш |
Општ. единица | Кукуш |
Надм. вис. | 166 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 14 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 61100 |
Повик. бр. | +30 23410 |
Историја
уредиСелото е 14 км западно од Кукуш и 53 км северозападно од Солун.[3] Оваа населба е создадена во 1970-тите од доселени сточарско-земјоделски каракачански семејства и наречена по родовскиот старешина Киријакос. Симовски смета дека веројатно се работи за истите сточарски семејства кои пред Втората светска војна живееле на Кајмакчалан, во населбата Киријакови Колиби (Каливија Киријаку) над Крушоради, Леринско.[2]
Знаменитости
уредиКај Киријакеика е откриена населба праисторијата, како и остатоци од римско време, па затоа месноста во 1996 г. е прогласена за споменик на културата. Сместена е на трапезовиден рид и содржи наоди од керамика и некропола.[4]
Население
уредиНаселбата за првпат е признаена за населено место во 1981 г.[5] како нова населба со 53 жители. Бројноста на жители останала устојчива во следните десетлетија, со 54 во 1991[2] и 55 жители во 2001 г. Потоа населението почнало нагло да опаѓа, сведувајќи се на 14 жители во 2011 г.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | — | — | 53 | 54 | 55 | 14 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 99.
- ↑ „Εύρεση διαδρομής στο χάρτη, Πλοήγηση, Χιλιομετρικές αποστάσεις πόλεων“. stigmap. Посетено на 2 јануари 2019.
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Α1/Φ43/57683/3282 π.ε./17-4-1996 - ΦΕΚ 294/Β/3-5-1996“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 9 јули 2021. Посетено на 25 јуни 2018.
- ↑ „Κυριακαίικα Ν. Κιλκίς“. Διοικητικές μεταβολές Οικισμών των ΟΤΑ. ΕΕΤΑΑ. Посетено на 13 декември 2016.[мртва врска]