Кочан (Кукушко)
Кочан или Кочана (грчки: Ριζανά, Ризана̀, до 1927 Κότσανα, Коцана)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Кочан Γαλλικός | |
---|---|
Координати: 41°0′N 23°12′E / 41.000° СГШ; 23.200° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки округ |
Општина | Кукуш |
Општ. единица | Кукуш |
Надм. вис. | 500 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 107 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на планината Круша над Серско Поле и во практика селото се наоѓа во Серскиот округ, не во Кукушко. Кочан се наоѓа на југозападната страна од градот Сер, меѓу селата Равна, Лахана и Орлјак.
Историја
уредиВо „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Кочан се состоело од 45 семејства и 200 жители Македонци[3][4] и 320 Турци. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Кочан имало 300 жители Турци[5].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 680 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 171 жител. Големата разлика меѓу населението од двата пописа било поради тоа што селото настрадало во текот на Првата светска војна.
Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1926 година, селото било преименувано во Ризана.[6]
Демографија
уредиВо 1928 година селото било чисто бегалско со 185 жители бегалци.[7], додека во 1940 година селото броело 214 жители. Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем дел од населението било принудено да ги напушти своите домови.
Селото во пописот од 1951 година не било евидентирано, на пописот од 1961 година, во селото живееле 92 жители, во 1971 година имало 223 жители, во 1981 година имало 112 жители, додека во 1991 година имало 102 жители[8]. Денеска, населението на селото е 107 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 214 | — | 92 | 223 | 112 | 102 | 107 | — |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Μυλοχώρι
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 118-119.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 180.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-02.