Смрдешник

село во Кукушко, Егејска Македонија

Смрдешник или Кокарџа (грчки: Κοκάρτζα, Кокарѕа)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Смрдешник
Κοκάρτζα
Смрдешник is located in Грција
Смрдешник
Смрдешник
Местоположба во областа
Смрдешник во рамките на Кукуш (општина)
Смрдешник
Местоположба на Смрдешник во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 40°53′N 22°41′E / 40.883° СГШ; 22.683° ИГД / 40.883; 22.683
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&1000000000000004900000049 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно48
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Историја

уреди

Селото претставува велепоседнички имот на неколку богати каракачански семејства, кои располагаат со вкупна површина од 5.600 декари обработлива земја. Ова мало село во минатото било населено со македонско население, но тоа се иселило во соседното село Женско.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Демографија

уреди

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 43 жители бегалци.[3], додека во 1940 година селото броело 49 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 62 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 49 жители, во 1971 година имало 33 жители, во 1981 година имало 66 жители, додека во 1991 година имало 70 жител.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 49 62 49 33 66 70 74 48
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Γαλλικόν
  3. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.