Грамадна
Грамадна или Граматина (грчки: Ευκαρπία, Евкарпија, до 1927 година Γραμμάτινα, Граматина)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Грамадна Ευκαρπία | |
---|---|
Координати: 41°4′N 22°54′E / 41.067° СГШ; 22.900° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки округ |
Општина | Кукуш |
Општ. единица | Кукуш |
Надм. вис. | 234 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 618 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 7 километри северно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 234 метри.
Грамадна опфаќа површина од 13 квадратни километри[3].
Историја
уредиВо отоманскиот збирен даночен список на немуслиманското население од вилаетот Тимур Хисар од 1616-1617 година селото е наведено под името Грамадна со 10 домаќинства. Со султански декрет од 11 декември 1619 година, селото бло предадено во сопственост на Мимар ага.[4].
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Алексово се состоело од 70 семејства и 324 жители Македонци[5][6] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Алексово имало 600 жители Македонци[5][7].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 800 Македонци и работело егзархиско училиште[5][8].
Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Струмица и околните села[3].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани само 272 жители. Во 1927 година, селото било преименувано во Евкарпија.[9]
Демографија
уредиВо 1928 година селото било чисто бегалско со 548 жители бегалци.[10], додека во 1940 година селото броело 842 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 879 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 797 жители, во 1971 година имало 639 жители, во 1981 година имало 651 жител, додека во 1991 година имало 539 жител[11]. Денеска, населението на селото е 618 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 842 | 879 | 797 | 639 | 651 | 539 | 618 | — |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
уреди- Родени во Грамадна
- Кара Васил[12]
- Гоце Диков (1892 - ?)[13]
- Станиш Наков
- Починати во Грамадна
- Стојан Јариџиев[14]
Наводи
уреди- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Άνω Θεοδωράκι
- ↑ 3,0 3,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 63–64.
- ↑ Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 228.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 164-165.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 168.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-01.
- ↑ Македонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 98.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 209 и 241.
- ↑ „Борбите в Македония - Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 135, ISBN 9549514560