Караџали (Дојранско)
Караџали (грчки: Καλλιρρόη, Калирои, до 1927 Καρατζαλή, Караџали)[1] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Караџали Καλλιρρόη | |
---|---|
Координати: 41°13′51″N 22°50′06″E / 41.2308° СГШ; 22.8350° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукуш |
Население | |
• Вкупно | 55 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 30 километри северно од градот Кукуш и на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, во северните разгранки на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска висина од 220 метри.
Историја
уредиВо XIX век Караџали е мешано македонско-турско село во Дојранската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Караџали се состоело од 25 куќи со 21 жител-муслиман и 37 Турци.[2][3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Караџали имало 85 Турци.[4]
По Втората балканска војна селото било вклучено во составот на Грција. Голем дел од муслиманското население заминало од селото кон Турција и на негово место било населено грчко население. По Првата светска војна, селото не се споменува, бидејќи било распаднато и напуштено. Во 1927 години селото било прекрстрно во Калирои.[5]
Демографија
уредиВо 1928 година селото било чисто бегалско со 18 семејства и 69 жители-бегалци[6], додека во 1940 година селото броело 127 жители. Во текот на Втората светска војна, како и во текот на Грчката граѓанска војна, селото настрадало. Поради тоа, голем дел од населението го напуштило селото и заминало на побезбедно место. Селото во пописот од 1951 година броело 83 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 88 жители, во 1971 година имало 85 жители, во 1981 година имало 65 жители, додека во 1991 година имало 55 жители. Денеска, населението на селото е 40 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 127 | 83 | 88 | 85 | 65 | 47 | 55 | 40 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καρατζαλή - Καλλιρρόη
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 192-193.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 163.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.