Лелово или Лељово (грчки: Άγιος Αντώνιος, Агиос Андониос, до 1927 Λέλοβο, Лелово)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Лелово
Άγιος Αντώνιος
Лелово is located in Грција
Лелово
Лелово
Местоположба во областа
Лелово во рамките на Кукуш (општина)
Лелово
Местоположба на Лелово во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 41°6′N 23°3′E / 41.100° СГШ; 23.050° ИГД / 41.100; 23.050
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000510000000510 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно149
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 20 километри североисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, на 10 километри североисточно Коркутово на планината Круша на Пејкова река. Селото се наоѓа на надморска височина од 510 метри.

Историја

уреди

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Лелово се состоело од 66 семејства и 290 жители Македонци и 48 Турци[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Лелово имало 400 жители Македонци и 250 Турци[3][5].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 480 Македонци и работело егзархиско училиште[3][6]. Како егзархисти биле 360 жители, додека како унијати 120 жители на селото.

Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови[7].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 475 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 283 жители. Големата разлика меѓу населението од двата пописа било поради тоа што селото настрадало во текот на Првата светска војна. По 1919 година, голем дел од унијатското население заминале во Бугарија, каде го основале селото Ново Делчево[8].

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Агиос Андониос.[9]. Името на селото доаѓа од истоименото име во Мала Азија, од каде се населиле грчките бегалци по Лозанскиот договор.

Демографија

уреди

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 208 жители беалци.[10], додека во 1940 година селото броело 416 жители. Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем дел од населението било принудено да ги напушти своите домови.

Селото во пописот од 1951 година броело 154 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 218 жители, во 1971 година имало 125 жители, во 1981 година имало 117 жители, додека во 1991 година имало 124 жители[11]. Денеска, населението на селото е 149 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 416 154 125 117 935 124 149
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Знаменитости

уреди

Во 1880 година, во селото била изградена црквата „Св. Антониј“, која од 30 јануари 1985 година била прогласена за историски споменик[12].

Личности

уреди
Родени во Лелово
  • Атанас Гоцев (1891 - ?)[13]
  • Вано Донев (1892/1893 - ?)[14]
  • Васил Илиев (1884 - ?)[15]
  • Георги Антонов[16]
  • Георги Димитров Тасев (Гоце) (1878 - 1974)
  • Гоце Донев (1885 - ?)[17]
  • Гоце Иванов (1888 - ?)[18]
  • Гоце (Георги) Митров (1887 - ?)[19]
  • Гоце Стоев[20]
  • Гоце Стојанов (1888 - ?)[21]
  • Григор Васков (1888/1889 - ?)[22]
  • Иван Андонов[23]
  • Кољо Динов (1882 - ?)[24]
  • Кољо М. Бојанов (1882 - ?)[25]
  • Кољо Митрев (1882 - ?)[26]
  • Кољо Христов (1887 - ?)[27]
  • Нако Иванов (1888 - ?)[28]
  • Никола Андонов[29]
  • Петар Г. Јанков[30]
  • Петар Донев (1892/1893 - ?)[14]
  • Петар Иванов[31]
  • Тане Гегов (1883 - ?)[32]
  • Тома Петков (1887 - ?)[33]
  • Туше Панов[34]
  • Туше Танов (1888 - ?)[35]
  • Христо Динов (1875 - ?)[36]
  • Христо Костов (1893 - ?)[37]
  • Христо Коцов (1892 - ?)[38]
  • Христо Пецов (1888 - ?)[39]
  • Христо Пецов[39]
  • Христо Стоев (1880/1883 - ?)[40]

Наводи

уреди
  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Μυλοχώρι
  3. 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 166-167.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 168.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99.
  7. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 63–64.
  8. http://www.kae-bg.org/images/content/36/istoria%20novo-delchevo.doc
  9. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  10. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  11. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-02.
  12. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2016-03-02.
  13. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 182.
  14. 14,0 14,1 „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 247.
  15. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 308.
  16. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 45.
  17. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 246.
  18. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 280.
  19. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 455.
  20. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 649.
  21. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 667.
  22. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 115.
  23. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 37.
  24. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 241.
  25. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 101.
  26. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 453.
  27. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 770.
  28. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 292.
  29. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 39.
  30. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 823.
  31. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 296.
  32. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 140.
  33. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 552.
  34. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 536.
  35. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 691.
  36. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 242.
  37. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 376.
  38. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 381.
  39. 39,0 39,1 „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 569.
  40. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 650.