Поторес (грчки: Αγία Κυριακή, Агија Кирјаки, до 1927 Ποταρές, Потарес)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Поторес
Αγία Κυριακή
Поторес is located in Грција
Поторес
Поторес
Местоположба во областа
Поторес во рамките на Кукуш (општина)
Поторес
Местоположба на Поторес во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 41°7′N 22°49′E / 41.117° СГШ; 22.817° ИГД / 41.117; 22.817
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000254000000254 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно195
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 18 километри северно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 254 метри.

Историја

уреди

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Алексово имало 200 жители Турци[3].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 165 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 212 жители.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1926 година, селото било преименувано во Агија Кирјаки.[4]

Демографија

уреди

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 236 жители бегалци.[5], додека во 1940 година селото броело 314 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 269 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 268 жители, во 1971 година имало 228 жители, во 1981 година имало 137 жители, додека во 1991 година имало 127 жител[6]. Денеска, населението на селото е 195 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 314 269 268 228 137 127 195
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

уреди
  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Αγία Κυριακή
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 165.
  4. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  5. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  6. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-10.