Долно Горбасово

село во Дојранско, Егејска Македонија

Долно Горбасово или Долно Гарбали (грчки: Κάτω Σούρμενα, Като Сурмена, до 1926 г. Κάτω Γκριμπάς, Като Грибас[1]) — поранешно село во Дојранско, Егејска Македонија, денес во Кукушкиот округ, на областа Централна Македонија, Грција. Сè до 1924 г. било населени исклучиво со Македонци-муслимани.[2] Денес е составен дел од с. Станица Аканџали.

Долно Горбасово
Κάτω Σούρμενα
Долно Горбасово is located in Грција
Долно Горбасово
Долно Горбасово
Местоположба во областа
Д. Горбасово во рамките на Кукуш (општина)
Д. Горбасово
Местоположба на Долно Горбасово во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 41°15.33′N 22°50.20′E / 41.25550° СГШ; 22.83667° ИГД / 41.25550; 22.83667
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукуш
ОпштинаКукуш
Општ. единицаАканџали
Надм. вис.&10000000000000330000000330 м
Население
 • Вкупно0
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото првично се наоѓало високо на јужните падини на Беласица. Бидејќи пострадало во Граѓанската војна, било обновено долу како јужно маало на Станица Аканџали, сместено јужно од железничката линија.

Историја

уреди

Во XIX век Горно Горбасово било муслиманско село во Дојранската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, во 1873 г. Долно Гарбасово (Garbassovo-dolno) е наведено кско село во Дојранската каза со 135 домаќинства сочинети од 363 Македонци-муслимани.[3][4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Долно Горбасово имало 720 жители Македонци-муслимани.[3][5]

За време на Првата балканска војна во 1912 г. селото го окупирале единици на Бугарската армија.

По Втората балканска војна во 1913 г. селото било припоено кон Грција. Населението почнало да се иселува уште во текот на Првата светска војна поради близината на фронтот.[2] По војната, во 1920 г. попишан е само 171 жител.[2] Во 1924 г по сила на Лозанскиот договор населението како муслиманско било иселено во Турција, на негово место се доведени грчки доселеници. Во 1926 г. селото е преименувано во Като Сурмена. Во 1928 г. селото е заведено како наполно дојденско, со 86 семејства од 285 жители грчки дојденци од Понд и Источна Тракија.[6]

За време на Граѓанската војна (1946-49 г.) селото било напуштено. Во 1940-тите и дел од 1950-тите било отпишано како место без жители, но подоцна е обновено долу до самата железничка станица.[2]

Во 1990-тите селото е припоено кон с. Станица Аканџали, бидејќи го снемува од пописот во 2001 г.

Демографија

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 436 0 190 399 452 442 - -
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

уреди

Населението се занимавало со земјоделство, а главни производи биле житото, тутунот и добиточната храна. Сточарството било застапено во помала мера.

Наводи

уреди
  1. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). „Кукушка околија“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 86.
  3. 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 190–191. ISBN 954-8187-21-3.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 163. ISBN 954430424X.
  6. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 20 јуни 2012