Нова Верланица
Нова Верланица или Нова Верланџа (грчки: Νέο Αγιονέρι, Нео Агионерион)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Нова Верланица Νέο Αγιονέρι | |
---|---|
Координати: 40°48′N 22°42′E / 40.800° СГШ; 22.700° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки округ |
Општина | Кукуш |
Општ. единица | Кукуш |
Надм. вис. | 164 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 1.649 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 27 километри јузападно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, на неколку километри од градот Солун. Селото се наоѓа на надморска височина од 164 метри.
Нова Верланица опфаќа површина од 13 квадратни километри[3].
Историја
уредиПо крајот на Балканските војни, местото каде денеска се наоѓа селото било вклучено во составот на Грција. Во 1926 година била изградена денешната населба од страна на грчки бегалци по потекло од градот Ниди во Мала Азија.[4] од страна на 240 семејства.
Демографија
уредиВо 1928 година селото било чисто бегалско со 537 жители бегалци.[5], додека во 1940 година селото броело 570 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 1235 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 1332 жители, во 1971 година имало 1043 жители, во 1981 година имало 1333 жители, додека во 1991 година имало 1617 жители. Денеска, населението на селото е 1649 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 570 | 1235 | 1332 | 1043 | 1333 | 1617 | — | 1649 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
уредиБидејќи самото село се наоѓа на долниот дел од Солунско Поле, селото е богато со пченица и други земјоделски култури. Населението се занимава и со сточарство.
Наводи
уреди- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Γαλλικόν
- ↑ Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 1. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.