Крецово
Крецово (грчки: Χορήγιο, Хоригио , до 1927 Κιρίτζ, Кири)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Крецово Χορήγιο | |
---|---|
Координати: 40°59′N 22°43′E / 40.983° СГШ; 22.717° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки округ |
Општина | Кукуш |
Општ. единица | Кукуш |
Надм. вис. | 162 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 9.192 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 12 километри западно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 162 метри.
Крецово опфаќа површина од 30 квадратни километри[3].
Историја
уредиНа ридот Лазарица северозападно Крецово се пронајдени остатоци од антички град, прогласен за споменик на културата во 1986 и 1996 г. Остатоци од старини има и во месноста Киреч.[4]
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Крецово се состоело од 66 семејства со 310 жители Македонци[3][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Крецово имало 500 жители Македонци[3][6].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 600 Македонци и работело егзархиско училиште[3][7].
Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Струмица и околните села[8].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година селото се води како напуштена населба, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 68 жители.
Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Во 1926 година, селото било преименувано во Хоригио .[9]
Население
уредиВо 1928 година селото било чисто бегалско со 453 жители бегалци.[10], додека во 1940 година селото броело 166 жители. Според Тодор Симовски, овој број е погрешен, и самиот тој додава дека бројот на жители на селото во 1941 година бил 735 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 764 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 791 жител, во 1971 година имало 732 жители, во 1981 година имало 819 жители, додека во 1991 година имало 878 жители[11]. Денеска, населението на селото е 919 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 735 | 764 | 791 | 732 | 819 | 878 | 919 | — |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
уреди- Црква „Св. Ѓорѓи“ од 1814 г., прогласена за споменик на културата
- Лазарица — археолошко наоѓалиште со праисториска населба и значаен древномакедонски град
Личности
уреди- Родени во Крецово
- Гоце Нисторов (1870 - 1905)
Наводи
уреди- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Χορήγιο
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Α1/Φ43/57683/3282 π.ε./17-4-1996 - ΦΕΚ 294/Β/3-5-1996“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Занемарен непознатиот параметар
|уеб_адрес=
(help); Отсутно или празно|url=
(help);|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 160-161.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 168.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 95.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-08.