Попово
Попово (грчки: Μυριόφυτο, Мирјофитон, до 1927 Πόποβο, Попово)[1] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Попово Μυριόφυτο | |
---|---|
Координати: 41°13′15″N 22°49′26″E / 41.2208° СГШ; 22.8239° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукуш |
Општина | Кукуш |
Општ. единица | Аканџали |
Население | |
• Вкупно | 638 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 35 километри северно од градот Кукуш и на 4 километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска висина од 340 метри.
Попово опфаќа површина од 19 квадратни километри[2].
Историја
уредиВо XIX век Попово е мешано македонско-турско село во Дојранската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Попово се состоело од 50 куќи и 30 жители-муслимани и 134 Македонци.[3][4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Попово имало 360 Македонци и 40 Турци.[3][5]
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Попово живеат 256 Македонци и работело егзархиско училиште[6].
Во текот на Втората балканска војна селото било запалено од страна на грчките војски. По крајот на војната, селото било вклучено во составот на Грција. Голем дел од муслиманското и македонското население заминало од селото кон Македонија или Бугарија и на негово место било населено грчко население. Најголемиот дел од оние кои заминале во Македонија, се населиле во градот Струмица. Бројот на староседелците Турци во текот на 1913 година изнесувал 191 жител, додека во 1920 година овој број бил 314 жители. Зголемувањето на бројот на населението се должело на доселувањето на цели семејства од Тракија. Во 1927 години селото било прекрстрно во Мирјофитон[7]
Демографија
уредиВо 1928 година селото било чисто бежанско со 91 семејство и 429 жители-бегалци[7], додека во 1940 година селото броело 455 жители. Намалувањето на бројот на населението се должело на фактот што во непосредна близина на селото била изградена нова населба, односно Ново Попово, каде се преселиле 93 жители.
Во текот на Втората светска војна, како и во текот на Грчката граѓанска војна, селото настрадало. Поради тоа, голем дел од населението го напуштило селото и заминало на побезбедно место. Селото во пописот од 1951 година броело 676 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 885 жители, во 1971 година имало 819 жители, во 1981 година имало 873 жители, додека во 1991 година имало 765 жител. Денеска, населението на селото е 638 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 455 | 676 | 885 | 819 | 873 | 765 | — | 638 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Πόποβο - Μυριόφυτον
- ↑ Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 1. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”.
- ↑ 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 190-191.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 164.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 100-101.
- ↑ 7,0 7,1 „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.