Бакеика
Бакеика (грчки: Μπακαίικα) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Кукуш на областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 25 жители (2011). Ова е мала населба од поново време, создадена од немакедонски доселеници некаде во 1950-тите години.
Бакеика Μπακαίικα | |
---|---|
Координати: 40°49.56′N 22°50.41′E / 40.82600° СГШ; 22.84017° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки |
Општина | Кукуш |
Општ. единица | Горчливо Езеро |
Надм. вис. | 60 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 25 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 61100 |
Повик. бр. | +30 23410 |
Географија и знаменитости
уредиСелото лежи во традиционалната област Солунско Поле, на границата помеѓу Кукушко и Солунско. Сместено е помеѓу реката Галик од исток и Горчливото Езеро од запад. Се наоѓа 24 км југозападно од окружниот центар Кукуш и 29 км северозападно од градот Солун. Северозападно од селото е ридот Кардица, на кој е пронајдена праисториска населба со наоди од растурена грнчарија. Јужно одовде, на растојание од 750 м западно од патот Нареш - Хаџилар е наоѓалиштето Господарска Тумба (Αρχοντή Τούμπα) врз која има аквадукт и исто така изобилува со растурена грнчарија, поради што се мисли дека станува збор за древномакедонскиот град Клите[2][3]. Југозападно оттука, на брег на Горчливото Езеро се топлите извори во кои има темна кал (солена глина). Бањите имаат групни и поединечни базени, каде се одвива хидротерапија и се даваат третмани со лековита кал.[4].
Историја
уредиОваа мала населба е создадена по Грчката граѓанска војна и наречена по родоначалникот на каракачанските семејства кои се доселиле во неа.[5]
Население
уредиНаселбата првпат се споменува во пописот од 1961 г. како нова населба со 82 жители. Во 1971 г. населението се намалило на 74, а во 1981 г. на 68 жители, накачувајќи се на 75 во 1991 г.[5] за повторно да опадне на 56 жители во 2001 и само 25 жители во 2011 г.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 82 | 74 | 68 | 75 | 56 | 25 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Richard Talbert, έκδοση 2000, Barrington Atlas of the Greek and Roman World, Princeton University Press, σελ. 50 και σημειώσεις καταλόγου που συνοδεύουν
- ↑ Лундски универзитет. Дигитален атлас на Римското Царство. (англиски)
- ↑ Αγγέλη, Γιούλη (21 октомври 2018). „Βόλτα στα ιαματικά λουτρά της Βόρειας Ελλάδας“. dailythess. Посетено на 13 февруари 2019.
- ↑ 5,0 5,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 74.