Врлан

село во Кукушко, Егејска Македонија

Врлан или Вирлан (грчки: Αναβρυτό, Анаврито, до 1927 Βυρλάν, Вирлан)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Врлан
Αναβρυτό
Врлан is located in Грција
Врлан
Врлан
Местоположба во областа
Врлан во рамките на Кукуш (општина)
Врлан
Местоположба на Врлан во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 41°3′N 23°3′E / 41.050° СГШ; 23.050° ИГД / 41.050; 23.050
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000493000000493 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно145
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 18 километри источно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 493 метри.

Арбур опфаќа површина од 34 квадратни километри[3].

Историја

уреди

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Врлан се состоело од 60 семејства и 172 жители Турци[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Алексово имало 600 жители Турци[5].

Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски[3].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани само 365 жители муслимани. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд додека муслиманското население било принудено да ги напуштат своите домови. Во 1927 година, селото било преименувано во Анаврито.[6]

Демографија

уреди

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 319 жители бегалци.[7], додека во 1940 година селото броело 568 жители.

По крајот на Грчката граѓанска војна, голем дел од населението го напуштило селото. Селото во пописот од 1951 година броело 193 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 374 жители, во 1971 година имало 209 жители, во 1981 година имало 149 жители, додека во 1991 година имало 194 жители[8]. Денеска, населението на селото е 145 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 568 193 374 209 149 194 145
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

уреди
  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Μυλοχώρι
  3. 3,0 3,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 63–64.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 166-167.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 165.
  6. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  7. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  8. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-02-29.