Хрсово (грчки: Χέρσο, Херсо, до 1927 Χέρσοβον, Херсовон)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Хрсово
Γαλλικός
Хрсово is located in Грција
Хрсово
Хрсово
Местоположба во областа
Хрсово во рамките на Кукуш (општина)
Хрсово
Местоположба на Хрсово во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 41°5′N 22°47′E / 41.083° СГШ; 22.783° ИГД / 41.083; 22.783
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&1000000000000007400000074 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно1.209
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 19 километри северно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 74 метри.

Историја

уреди

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Хрсово се состоело од 80 семејства со 424 жители Македонци[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Хрсово имало 360 жители Македонци[3][5].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 480 Македонци и работело егзархиско училиште[3][6].

Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Струмица и околните села Турново и Секирник[7].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година селото се водело како напуштена населба, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 399 жители.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Во 1926 година, селото било преименувано во Херсо.[8]

Демографија

уреди

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 687 жители бегалци.[9], додека во 1940 година селото броело 1283 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 1619 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 1803 жители, во 1971 година имало 1101 жител, во 1981 година имало 1044 жители, додека во 1991 година имало 925 жители[10]. Денеска, населението на селото е 1209 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1283 1619 1803 1101 1044 925 1209
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности

уреди

Наводи

уреди
  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Χέρσο
  3. 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 160-161.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 166.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99.
  7. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 124.
  8. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  9. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  10. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-10.