Ново Попово
Ново Попово (грчки: Νέο Μυριόφυτο, Нео Мириофито или Ново Попово)[1] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Ново Попово Νέο Μυριόφυτο | |
---|---|
Координати: 41°12′56″N 22°48′45″E / 41.2156° СГШ; 22.8125° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукуш |
Население | |
• Вкупно | 55 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 35 километри северно од градот Кукуш и на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска висина од 340 метри.
Историја
уредиСелото претставува нова доселеничка населба, изградена во 1928 година на само 1 километар од селото Попово.
Демографија
уредиВо 1940 година селото броело 91 жител. Селото во пописот од 1951 година броело 68 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 93 жители, во 1971 година имало 31 жител, во 1981 година имало 22 жители, додека во 1991 година имало 33 жители. Денеска, населението на селото е 101 жител.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 91 | 68 | 93 | 31 | 22 | 33 | — | 101 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија