Воловод
Воловод или Горно Воловод (грчки: Νέα Σάντα, Неа Санда, до 1926 Βολοβότ, Воловот) — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција[2].
Воловод Νέα Σάντα | |
---|---|
Координати: 40°50′N 22°55′E / 40.833° СГШ; 22.917° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки округ |
Општина | Кукуш |
Општ. единица | Кукуш |
Надм. вис. | 103 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 1.693 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 20 километри југоисточно од градот Кукуш и лежи на надморска висина од 103 метри.[3].
Историја
уредиЈугоисточно над Воловод, на планината Средец се наоѓа Воловодската тврдина — доцноантичка утврдена населба прогласена за споменик на културата.[4]
По крајот на војната, селото било вклучено во составот на Грција. Голем дел од населението заминало од селото кон Македонија или Бугарија и на негово место било населено грчко население од Мала Азија. Во 1926 година селото било преименувано во Неа Санда[5]. Во 1928 година селото броело 673 жители[6].
Демографија
уредиСелото во пописот од 1940 година броело 902 жители, 1951 година броело 1605 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 1802 жители, во 1971 живееле 1705 жители, во 1981 живееле 1738 жители. Денеска, населението на селото е 1508 жители[7].
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 902 | 1605 | 1802 | 1705 | 1321 | 1738 | 1508 | 1693 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
уредиДел од земјиштето на обработливата површина се наводнува од реката Куру Дере. Бидејќи самото село се наоѓа на поле, селото е богато со жито, а се произведува и голема количина на тутун. Во селото постои на полициска станица.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Άνω Βολοβότ - Νέα Σάντα
- ↑ Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 1. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”.
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ34/ΚΗΡ/21925/614/28-7-2000 - ΦΕΚ 1042/Β/23-8-2000“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-12-02. Посетено на 25 јуни 2018.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf