Ново Женско
Ново Женско или Ново Аврет Хисар (грчки: Νέο Γυναικόκαστρο, Нео Гинекокастро)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Ново Женско Νέο Γυναικόκαστρο | |
---|---|
Координати: 40°55′N 22°44′E / 40.917° СГШ; 22.733° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки округ |
Општина | Кукуш |
Општ. единица | Кукуш |
Надм. вис. | 80 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 715 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 15 километри југозападно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, на 30 километри од градот Солун. Селото се наоѓа на надморска височина од 80 метри.
Ново Женско опфаќа површина од 42 квадратни километри[3].
Историја
уредиПо крајот на Балканските војни, на местото каде денеска се наоѓа селото биле населени грчки бегалци.
Демографија
уредиВо 1928 година селото било чисто бегалско со 608 жители бегалци.[4], додека во 1940 година селото броело 894 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 837 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 901 жител, во 1971 година имало 819 жители, во 1981 година имало 801 жител, додека во 1991 година имало 760 жител. Денеска, населението на селото е 715 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 894 | 837 | 901 | 819 | 801 | 760 | — | 715 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Γαλλικόν
- ↑ Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 1. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.