Џевапли
Џевапли (грчки: Λαοδικηνό, Лаодикино — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Џевапли Λαοδικηνό | |
---|---|
Координати: 40°59′N 22°52′E / 40.983° СГШ; 22.867° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки округ |
Општина | Кукуш |
Општ. единица | Кукуш |
Надм. вис. | 100 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 247 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 13 километри северно од градот Кукуш и на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро како и во непосредна близина на селото Поторес[2]. Селото се наоѓа на надморска височина од 226 метри.
Демографија
уредиПо крајот на војната, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1927 година во селото живееле 19 бегалски семејства со вкупно 56 жители.[3] Во 1928 година селото било преименувано во Лаодикино[4]. Голем дел од муслиманското население заминало од селото кон Турција и на негово место било населено грчко население од Понд. Со наредба на Владата на Грција, во 1927 година, селото се соединило со Поторес, Мухали, Чалисли и Докузли во една заедничка населба под името Агија Кирјаки. Поради тоа, селото во понатамошните пописи престанало да се води како посебна населба.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 1. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.