Ќосе Мурџели (грчки: Διβούνι, Дивуни, до 1927 Κιοσέ Μουρτζαλή, Ќосе Мурџели)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Ќосе Мурџели
Διβούνι
Ќосе Мурџели is located in Грција
Ќосе Мурџели
Ќосе Мурџели
Местоположба во областа
Ќосе Мурџели во рамките на Кукуш (општина)
Ќосе Мурџели
Местоположба на Ќосе Мурџели во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 41°6′N 22°55′E / 41.100° СГШ; 22.917° ИГД / 41.100; 22.917
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000520000000520 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно78
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 12 километри североисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска височина од 520 метри.

Историја

уреди

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Ќосе Мурџели имало 45 жители муслимани[3].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 102 жители, додека во 1920 година 82 жители Турци. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители[4]. Во 1927 година, селото било преименувано во Дивуни.[5]

Наводи

уреди
  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Μαυροπλαγιά
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 166.
  4. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 119.
  5. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.