Колибалар (грчки: Πλαγιοχώρι, Плагиохори, до 1927 Κολυμπαλάρ, Колибалар)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Колибалар
Πλαγιοχώρι
Колибалар is located in Грција
Колибалар
Колибалар
Местоположба во областа
Колибалар во рамките на Кукуш (општина)
Колибалар
Местоположба на Колибалар во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 41°2′N 22°59′E / 41.033° СГШ; 22.983° ИГД / 41.033; 22.983
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000368000000368 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно46
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 14 километри североисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро и на падините на планината Градешко Тепе. Селото се наоѓа на надморска височина од 368 метри.

Историја

уреди

Оваа мала колибарска населба во минатото била населена со турско муслиманско население.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители[3]. Во 1927 година, селото било преименувано во Химадио.[4]

Демографија

уреди

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 62 жители бегалци.[5], додека во 1940 година селото броело 161 жител. Селото во пописот од 1951 година броело 127 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 210 жители, во 1971 година имало 101 жител, во 1981 година имало 13 жители, додека во 1991 година имало 11 жители[6]. Денеска, населението на селото е 46 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 161 127 210 101 13 1 46
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

уреди
  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Πλαγιοχώρι
  3. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 91–92.
  4. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  5. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  6. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-02.