Хасан Абас или Хасан Обаси (грчки: Πεδινό, Педино, до 1927 Χασάν Όμπαση, Хасан Обаси)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Хасан Абас
Πεδινό
Хасан Абас is located in Грција
Хасан Абас
Хасан Абас
Местоположба во областа
Хасан Абас во рамките на Кукуш (општина)
Хасан Абас
Местоположба на Хасан Абас во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 40°58′N 22°52′E / 40.967° СГШ; 22.867° ИГД / 40.967; 22.867
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000114000000114 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно1.117
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 12 километри јужно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, на 30 километри од градот Солун. Селото се наоѓа на надморска височина од 114 метри.

Хасан Абас опфаќа површина од 12 квадратни километри[3].

Историја

уреди

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Хасан Абас се состоело од 35 семејства и 113 жители муслимани[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Хасан Абас имало 150 жители Турци[5].

Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото муслиманско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од населението заминало кон Турција (Османлиско Царство) во 1924 година според Лозанскиот договор и на негово место било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1926 година, селото било преименувано во Пединон.[6]

Демографија

уреди

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 123 жители-бегалци.[7], додека во 1940 година селото броело 736 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 736 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 686 жители, во 1971 година имало 492 жители, во 1981 година имало 529 жители, додека во 1991 година имало 523 жител. Денеска, населението на селото е 1117 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 736 736 686 492 529 523 1117
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

уреди

Бидејќи самото село се наоѓа во Солунското Поле, тоа е богато со жито. Населението се занимава и со сточарство.

Наводи

уреди
  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Γαλλικόν
  3. Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 1. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 162-163.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 164.
  6. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  7. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.