Исманли или Исмаили (грчки: Γάβρα, Гавра, до 1927 Ισμαϊλή, Исмаили)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Исманли
Γάβρα
Исманли is located in Грција
Исманли
Исманли
Местоположба во областа
Исманли во рамките на Кукуш (општина)
Исманли
Местоположба на Исманли во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 41°10′N 22°50′E / 41.167° СГШ; 22.833° ИГД / 41.167; 22.833
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000427000000427 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно111
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 22 километри северно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска височина од 427 метри.

Историја

уреди

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Алексово се состоело од 10 семејства и 36 жители муслимани[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Алексово имало 150 жители муслимани[4].

Во текот на Балканските војни, селото било опожарено од страна на грчките војски.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 187 жители, додека во 1920 година 166 жители Турци. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд додека од селото се иселиле муслиманските жители[5].. Во 1926 година, селото било преименувано во Елезли.[6]

Демографија

уреди

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 110 жители бегалци.[7], додека во 1940 година селото броело 262 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 213 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 228 жители, во 1971 година имало 44 жители, во 1981 година имало 30 жители, додека во 1991 година имало 94 жители[8]. Денеска, населението на селото е 111 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 262 213 228 44 30 94 111
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

уреди
  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Μυλοχώρι
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 164-165.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 167.
  5. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 63–64.
  6. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  7. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  8. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-01.