Пејково или Пејово (грчки: Άγιος Μάρκος, Агиос Маркос, до 1927 Πεΐκοβο, Пејково)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Пејково
Άγιος Μάρκος
Пејково is located in Грција
Пејково
Пејково
Местоположба во областа
Пејково во рамките на Кукуш (општина)
Пејково
Местоположба на Пејково во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 41°7′N 23°4′E / 41.117° СГШ; 23.067° ИГД / 41.117; 23.067
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000633000000633 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно89
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 13 километри североисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 633 метри.

Пејково опфаќа површина од 47 квадратни километри[3].

Историја

уреди

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Пејково се состоело од 65 семејства и 200 жители муслимани[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Пејково имало 815 жители муслимани[3][5].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 734 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 329 жители. Големата разлика меѓу населението од двата пописа било поради тоа што селото настрадало во текот на Првата светска војна.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1926 година, селото било преименувано во Агиос Маркос.[6]

Демографија

уреди

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 194 жители бегалци.[7], додека во 1940 година селото броело 441 жител.

Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем дел од населението било принудено да ги напушти своите домови.

Селото во пописот од 1951 година броело 303 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 326 жители, во 1971 година имало 215 жители, во 1981 година имало 123 жители, додека во 1991 година имало 119 жител[8]. Денеска, населението на селото е 89 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 441 303 326 215 123 119 89
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

уреди
  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Μυλοχώρι
  3. 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 166-167.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 166.
  6. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  7. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  8. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-03.