Аканџали или Аканџели (грчки: Μουριές, Муриес, до 1927 Ακίντζαλη Акинџали)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Аканџали
Γαλλικός
Аканџали is located in Грција
Аканџали
Аканџали
Местоположба во областа
Аканџали во рамките на Кукуш (општина)
Аканџали
Местоположба на Аканџали во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 41°14′N 22°47′E / 41.233° СГШ; 22.783° ИГД / 41.233; 22.783
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаАканџали
Надм. вис.&10000000000000182000000182 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно555
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 38 километри северно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 182 метри.

Аканџали опфаќа површина од 54 квадратни километри[3]. Црквата во селото е дело на Андон Китанов[4] или татко му Китан Петров.

Историја

уреди

Во XIX век Аканџали е мешано македонско-турско село во Дојранската каза на Отоманското Царство.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Аканџали се состоело од 75 куќи од кои 36 жители муслимани и 272 Македонци[3][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Аканџали има 470 жители Македонци, 80 Турци и 12 Роми.[4][6]

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 640 Македонци[3] и работело егзархиско училиште[3][7].

Во Балканските војни во селото влегле делови на бугарската армија. Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Според Извештајот на меѓународната комисија за Балканските војни во летото на 1913 година, грчките војници убиле 365 Македонци. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Македонија и Бугарија[4].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 377 жители. Селото повторно настрадало во текот на Првата светска војна бидејќи минувало покрај фронтовата линија. Во тоа време, скоро сите жители биле повлечени од бугарската армија во внатрешноста. Така, на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 218 жители.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Во тоа време 188 Македонци биле принудени да го напуштат селото, додека останале само 80 Македонци. Во 1926 година, селото било преименувано во Мурије.[8]

Демографија

уреди

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 257 жители-бегалци[9], додека во 1940 година селото броело 641 жител. Ваквото зголемување на бројот на населението се должи на тоа што неколку околни села биле распаднати, па нивните жители се преселиле да живеат во Аканџали.

Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем дел од населението било принудено да ги напушти своите домови.

Селото во пописот од 1951 година броело 491 жител, на пописот од 1961 година, во селото живееле 502 жители, во 1971 година имало 425 жители, во 1981 година имало 409 жители, додека во 1991 година имало 294 жители[10]. Денеска, населението на селото е 798 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 641 491 502 425 409 294 798 555
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Знаменитости

уреди

Личности

уреди
Родени во Аканџали
  • Иван Кочев (? - 1932)[11]
  • Мито Ѓузелов[12]
  • Стојо Кујумџиев[12]

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Μουριές
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. 4,0 4,1 4,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 63.
  5. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 190-191.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 148.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99.
  8. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  9. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  10. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-06.
  11. Михайлов, Иван. Спомени, Том IV, 1973, стр. 816-817.
  12. 12,0 12,1 „Борбите в Македония - Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 70, ISBN 9549514560