Шекерли
Шекерли или Шекерлија (грчки: Ζαχαράτο, Захарато, до 1927 Σεκερλή, Секерли)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Шекерли Ζαχαράτο | |
---|---|
Координати: 41°1′N 22°53′E / 41.017° СГШ; 22.883° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки округ |
Општина | Кукуш |
Општ. единица | Кукуш |
Надм. вис. | 232 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 101 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 4 километри североисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 232 метри.
Историја
уредиВо „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Шекерли се состоело од 22 семејства со 100 жители Македонци[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Шекерли имало 65 жители Македонци[3][5].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 80 Македонци и работело егзархиско училиште[3][6].
Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Македонија и Бугарија[7].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година и на пописот од 1920 година селото било евидентирано како напуштена населба.
Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд и селото било повторно населено. Во 1926 година, селото било преименувано во Захарато.[8]
Демографија
уредиВо 1928 година селото било чисто бегалско со 213 жители бегалци.[9], додека во 1940 година селото броело 312 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 186 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 1733 жители, во 1971 година имало 109 жители, во 1981 година имало 94 жители, додека во 1991 година имало 85 жители[10]. Денеска, населението на селото е 101 жител според пописот од 2001 година.
Големата разлика во бројот на население во периодот од 1951 до 1961 година се должи или на печатна грешка или на стационирање на грчки војници во самото село.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 312 | 186 | 1733 | 109 | 94 | 85 | 101 | — |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
уреди- Родени во Шекерли
Наводи
уреди- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Παρόχθιο
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 162-163.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 167.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 128.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-08.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 536.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 182.