Верланица или Верланџа (грчки: Παλιό Αγιονέρι, Палио Агионери, до 1927 Βερλάντζα, Верланица)[3] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Верланица
Γαλλικός
Верланица is located in Грција
Верланица
Верланица
Местоположба во областа
Верланица во рамките на Кукуш (општина)
Верланица
Местоположба на Верланица во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 40°48′N 22°43′E / 40.800° СГШ; 22.717° ИГД / 40.800; 22.717
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000117000000117 м
Население (2011)[2]
 • Вкупно886[1]
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.570907

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 25 километри југозападно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, на 35 километри од градот Солун. Селото се наоѓа на надморска височина од 117 метри.

Верланица опфаќа површина од 19 квадратни километри[4].

Историја

уреди

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Верланица имало 630 жители од кој 35 Македонци[5], 560 Турци и 35 Роми[6].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1927 година, селото било преименувано во Агионери.[7]

Демографија

уреди

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 1116 жители бегалци.[8], додека во 1940 година селото броело 821 жител. Селото во пописот од 1951 година броело 588 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 694 жители, во 1971 година имало 543 жители, во 1981 година имало 648 жители, додека во 1991 година имало 691 жител. Денеска, населението на селото е 886 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 821 588 694 543 648 691 886
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

уреди

Населението на селото главно се занимава со производство на жито и памук.

Наводи

уреди
  1. Предлошка:Webarchiv (Excel-Dokument, 2,6 MB)
  2. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  3. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Γαλλικόν
  4. Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 1. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”.
  5. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 140.
  7. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  8. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.