Вакуфи
Вакуфи (грчки: Βακούφι)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Вакуфи Γαλλικός | |
---|---|
Координати: 40°53′N 22°43′E / 40.883° СГШ; 22.717° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки округ |
Општина | Кукуш |
Општ. единица | Кукуш |
Надм. вис. | 55 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 67 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 18 километри југозападно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, на 30 километри од градот Солун. Селото се наоѓа на надморска височина од 77 метри.
Вакуфи опфаќа површина од 4 квадратни километри[3].
Според Тодор Симовски, селото всушност претставува големопоседнички имот на семејството Флорос кое располагало со 4.000 декари обработлива земја.
Демографија
уредиВо 1940 година селото броело 42 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 56 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 66 жители, во 1971 година имало 33 жители, во 1981 година имало 62 жители, додека во 1991 година имало 77 жители. Денеска, населението на селото е 67 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 42 | 56 | 66 | 33 | 62 | 77 | — | 67 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Γαλλικόν
- ↑ Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 1. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”.