Чоколово
Чоколово или Чокали (грчки: Περιστέρι, Перистери, до 1927 Τσοκαλή, Цокали)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Чоколово Περιστέρι | |
---|---|
Координати: 40°58′N 22°52′E / 40.967° СГШ; 22.867° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки округ |
Општина | Кукуш |
Општ. единица | Кукуш |
Надм. вис. | 249 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 185 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 25 километри јужно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, на 25 километри од градот Солун. Селото се наоѓа на надморска височина од 249 метри.
Чоколово опфаќа површина од 18 квадратни километри[3].
Историја
уредиВо „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Чоколово се состоело од 30 семејства и 95 жители муслимани[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Чоколово имало 250 жители-муслимани[5].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1927 година, селото било преименувано во Перистери.[6] По потпишувањето на Лозанскиот договор, муслиманското население од селото било принудено да го напушти селото, и на негово место било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд.
Демографија
уредиВо 1928 година селото било чисто бегалско со 166 жители-бегалци.[7], додека во 1940 година селото броело 274 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 249 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 238 жители, во 1971 година имало 203 жители, во 1981 година имало 239 жители, додека во 1991 година имало 198 жители. Денеска, населението на селото е 185 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 274 | 249 | 238 | 203 | 239 | 198 | — | 185 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
уредиБидејќи самото село се наоѓа во Солунското Поле, тоа е богато со пченица. Населението се занимава и со сточарство и одгедување на тутун.
Наводи
уреди- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Γαλλικόν
- ↑ Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 1. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 164-165.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 167.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.